„Јас се согласувам дека можеби ова е ремек дело во однос на како тоа се планира да се украдат пари од државата. Во тој дел можеби е ремек дело, меѓутоа доколку видиме како до сега тече целата постапка, мислам дека е даелку дури и од ремек дело во крадење“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Валерија Петрова | 7 ноември, 2019 18:12

Хеликоптерската итна помош е ремек дело за Рашковски- а грабеж од 72 милиони евра за Јанушев

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Објаснувањето на Рашковски предизвика поголема збунетост за проектот хеликоптерска медицинска помош, обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека изборот на компанијата и нејзините должности се пропратени со нејаснотии, па сметат дека целата постапка се води непрофесионално иако генералниот секретар на владата тврдел дека тоа е ремек дело за државата, објави Сител

„Јас се согласувам дека можеби ова е ремек дело во однос на како тоа се планира да се украдат пари од државата. Во тој дел можеби е ремек дело, меѓутоа доколку видиме како до сега тече целата постапка, мислам дека е даелку дури и од ремек дело во крадење“, изјави Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Јанушев повтори дека според тендерската документација за формирање хеликоптерска единица за спасување, избраната компанија ќе го добие центарот за обука на пилоти.. Ова вчера го негираше владиниот генерален секретар.

„Центарот за обука на пилоти не е во никаква корелација со ова јавно-приватно партнерство“, вели Рашковски..

Тој рече дека пет компании зеле тендерска документација а понуда испратила Сархемс која и го доби тендерот.. На прашањето од Сител што ги премислило да се откажат од тендерот, единствено фирмата German Healtcare Services најави одговор идната недела, кога од Германија ќе се врати сопственикот на компанијата..

Според договорот, избраната компанија Сархемс, помогната од Свидиш хеликоптерс конзорциум ќе почне со работа пред почеток на летото.. Услугите за македонските граѓани ќе бидат бесплатни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Долниот дом на француското Собрание треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација...

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...