Живот
Здравје
ХЕРА е една од организациите со која имаме одлична соработка. Им го честитам јубијелот од 20 години постоење и 20 години активизам за социјални, сексуални и репродуктивни права, вели министерот Венко Филипче!
Минатата година донесовме нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставивме на прво место.
На глобално ниво бевме препознаени и како држава за пример која има успешно партнерството помеѓу Владата, институциите и невладиниот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, согласно препораките на Обединетите нации, вели Филипче!
Сето ова го постигнавме заеднички со граѓанската организација ХЕРА!
Заедно со нив ги носиме и ги имплементираме здравствените политики.
Тие се клучна алка во унапредувањето на здравствената заштита на пациентите!
Граѓанските организации се нашиот партнер, но и коректив во работењето. ХЕРА е една од организациите со која имаме одлична соработка.
Им го честитам јубијелот од 20 години постоење и 20 години активизам за социјални, сексуални и репродуктивни права! Заеднички продолжуваме и понатаму да се грижиме за нашите пациенти, потенцираше Филипче!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Здравје
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.