Благодарна сум што господ го сочува маж ми, но и за овие за мене големи луѓе и херои Нехат Амети и Рами Пајазити. Се молам на господ со лесно да помине операцијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 февруари, 2019 14:39

Херојот со скршена рака го спаси мојот сопруг, во автобуската несреќа !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На својот Фејсбук профил Моника Наумоска која работи како училиштен психолог во SOU”Gostivar”-Gostivar, објави додека стоела во чекалната во болницата 8 септември, каде се сместени повредените од стравичната несреќа, не можела да претпостави дека токму човекот кој го чекал својот син од операција, му помогнале меѓу првите на нејзиниот сопруг, да го извлечат од автобусот и да го спасат од смрт.

После стравичната несреќа која се случи пред два дена на патот од Скопје до Тетово при која што загинаа 15 луѓе, а повеќе лица се повредени и згрижени во болницата 8 септември во Скопје, на социјалните мрежи дознавме дека многу хумани луѓе помогнаа во акцијата на спасувањето на патниците од автобусот, кои за голема среќа повеќето патници за сега се во добра здравствена состојба.

На својот Фејсбук профил Моника Наумоска која работи како училишен психолог во Гостивар напиша емотивен статус во кој јавно им се заблагодарува на сите храбри луѓе кој помогнаа да ги извлечат патниците од автобусот, а посебно на хероите кој му помогнаа на нејзиниот маж во сообраќајката и го спасија од смрт. 

Нејзиниот сопруг бил во несреќниот автобус и благодарение на Нехат Амети и Рами Пајазити тој едвај спасил жива глава, бидејќи тие му помогнале и меѓу првите и го извлекле од автобусот, во страшната сообраќајна несреќа која се случи пред два дена.

Страшната сообраќајна несреќа која се случи пред два дена на патот од Скопје за Гостивар однесе 15 човечки животи, а многу патници се повредни и згрижени во болниците во Скопје.

Меѓутоа тоа не крај на нејзината приказна. Таа додека стоела во чекалната во болницата 8 септември да го посети својот сопруг, запознала човек кој не ни помислила дека тој и неговиот син, кој скокнал на висина од 4 до 5 метри за да ги спаси патниците, е токму тој човек кој го извлекол нејзиниот сопруг од автобусот.

При самиот скок Нехат се повредил не мислејќи на својот живот, се со цел да помогне и да ги спаси животите на повредените од автобусот.

Ви го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус :

Еве сум тука во чекалната пред одделот во болницата 8 ми септември каде што се сместени повредените од страотната несреќа. Мојот сопруг е повреден и тука сум за да се најдам доколку сум потребна. За среќа помина со не премногу тешки повреди. Велат дека засега неговата состојба е стабилна. Но тоа не е причината што го пишувам ова.

Тука во чекалната од утринава рано чекаа и уште тројца мајка , татко и сестра.  Ги прашав за кого чекаат како е повредениот. Таткото рече синот се оперира беше повреден зошто скокна од патот за да им помогне на повредените. Не можеше да претпостави дека во мракот е високо 4 до 5 метра. Ја скрши раката но сепак помагаше и ги ваѓаше настраданите заедно со мене. Им покажав слика од маж ми и рече. “Да него го извадивме меѓу првите”. “Сте имале голема среќа”.

Благодарна сум што господ го сочува маж ми, но и за овие за мене големи луѓе и херои Нехат Амети и Рами Пајазити. Се молам на господ со лесно да помине операцијата.

Благодарна сум им на сите што помогнале не штедејќи се себе си. 

Ви благодарам и на вас мои драги сограѓани, роднини ,колеги, другари и пријатели што се јавувате цело време ме поддржувате, храбрите нудите помош и во ниту еден момент не ме оставивте сама во овие тешки моменти. 

Искрено сочувство до семејствата на сите настрадани и повредени.

Колку сме ние луѓето, мали безначајни и немоќни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Прочка е пред почеток на Велигденскиот пост. Црквата го поставила како силен потсетник на духовниот карактер на постот.

Денес е Прочка: верниците денеска на големиот празник, забораваат на кавгите и проблемите

„Прости ми, да ти простам“ со овие зборови верниците денеска, на големиот празник,...

Новата политичка партија „Интерга“ ќе дејствува самостојно, независно од сите, сами ќе го градат нивниот пат, не оставјќи го СДСМ на власт, ниту па имаат намера да го вратат ВМРО.

Новата партија ИНТЕГРА, има намера да го симне СДСМ и нема намера да го врати ВМРО-ДПМНЕ!

Денеска  пред македонската јавност беше промовирана програмската платформа и лидерскиот...

Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.

Тодевска ја претстави песната за Евровизија „Proud“ (Горда) заедно со ќерката и сестрата во спотот

Тамара Тодевска ја објави песната со која ќе нè претставува на Евровизија. Во Тел Авив,...

Заедничкиот кандидат за претседател на ромите, турците, србите, албаницте  и македонците Стево Пендаровски уште еднаш повтори дека тој е следен

Пендаровски: Ме следат ама не се папараци, рецидиви се, служби се од странство!

Заедничкиот кандидат за претседател на ромите, турците, србите, албаницте  и македонците...