Ветеринарите после неколку часовна борба го спасија животот на кучето, благодарение на Симеон кој во последен момент се избори за животот на невиното животно и го однесе на ветеринар во Скопје!

Објавил: Владо Марин | 24 јуни, 2020 19:25

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ ВО МАКЕДОНИЈА: Музичарот Симеон Митревски спаси отруено куче во последен момент!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Музичарот и членот на групата Дуо Фламинго, Симеон баба Митревски денеска е херој во Македонија! Неговото добро и храбро срце спаси живот во последен момент.

Како што можеме да забележиме на неговиот Фејсбук профил, Симеон во последен момент спаси куче, кое беше на праг да биде отруено денеска во Скопје!

После неколку часовна борба ветеринарите  го спасија животот на кучето, благодарение на Симеон кој во последен момент се избори за животот на невиното животно и му помогна во најтешките моменти!

Тој вечерва на социјалните мрежи објави среќна вест!

Grev Grev!!!! Koj i da go otrul ova e grevv Najgrevno nesto e da mu odzemes na nekogo zivot sto ne si mu go dal i da si mu go dal nesmees!!!

ALI POGOLEMO ZIVOTNO OD COVEKOT NEMAAA, пишуваше Митрески!

Kuceto u zaden moment go Odnesov vo veterinarna bolnica pred umiranje na 2 pati se povrati sega pak disi cekam od veterinarot povik samo GOSPOD GOLEM DA DADE DA POZIVEE KUCETO <3 🙁 🙏🙏🙏🙏

Се надеваме дека сите граѓани во Македонија ќе го следат примерот на Симеон и неговото добро и хумано срце!

Најдобри пријатели. Симон и неговиот нов другар!

Се замислуваат надлежните, локалната власт и градоначлникот на град Скопје, Петре Шилегов да излезат пред јавноста и да презентираат реални резултати за санкционирање на лицата кои го расфрлаат отровот.

Масовното труење на бездомни животни е слика која често се гледа во Република Македонија.

Неодамна од локалниот огранок на партијата Левица во Охрид исто така бараа одговорност за труењето на животни и во Охрид, што се случува веќе подолг период, во отсуство на хумани и ефикасни мерки за редуцирање на бројот на бездомни животни.

Веќе еден месец активисти и граѓани алармираат за отруени домашни и бездомни животни во очигледно координирано труење, додека локалната власт срамно молчи! Да потсетиме, се работи за отрови кои се смртоносни и за луѓето и чие фрлање претставува кривично дело за кое е предвидено казна затвор. Со оглед на фактот дека ниту еден сторител низ годините не е санкциониран – или локалните власти немаат контрола што се случува во општина Охрид или самите се директни учесници во свирепото труење. Од најавените ветувања од страна на СДСМ, како отворањето на Мауцкер, субвенционирање стерилизации и кастрации, едукација за одговорно сопствеништво и казнување на сопствениците кои ги напуштаат своите миленици – ниту едно не е исполнето!, велат од Левица Охрид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...