Дефанзивецот пред една година боледуваше од рак на тестисите и мораше да мине низ интензивна хемотерапија. Тејлор се врати на тренинзите во клубот во септември, а сега го доби и првиот повик во тимот.

Објавил: Валерија Петрова | 26 ноември, 2019 22:08

ХЕРОЈ: Од хемотерапија до првотимец на Јунајтед – тешките денови денес МИНАТО

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Макс Тејлор (19) за прв пат е повикан во сениорскиот тим за натпреварот со Астана во рамки на Лигата на Европа.

Дефанзивецот пред една година боледуваше од рак на тестисите и мораше да мине низ интензивна хемотерапија. Тејлор се врати на тренинзите во клубот во септември, а сега го доби и првиот повик во тимот.

Менаџерот Оле Гунар Солше повика многу млади фудбалери за патувањето во Казасхтан, бидејќи веќе го има обезбедно пласманот во нокаут-рундата. Сигурно ќе биде специјален момент за Тејлор доколку добие шанса да дебитира за „ѓаволите“, една година подоцна откако му беше дијагностицирана тешката болест.

„Горд сум што повторно излегов на терен во дресот на Манчестер Јунајтед. Самиот факт дека сега добивам шанса и со првиот тим ме прави бескрајно среќен. Без огромната поддршка од семејството, пријателите и докторите, моето враќање на теренот немаше да биде возможно“ – изјави Тејлор.

Јунајтед веќе го осигура пласманот во следната рунда, па Оле Гунар Солскјер ќе направи коренити измени во тимот за гостувањето во Казахстан. Во една таква ситуација, нема да биде изненадување доколку Тејлор се појави од првата минута во тимот на „црвените ѓаволи“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фудбал

Тоа значи дека руското знаме и химната нема да бидат дозволени на настани како што се Олимписките игри во Токио 2020, но и на Светското првенство во фудбал 2022 година во Катар.

СКАНДАЛ: Русија суспендирана, нема право на настап на светското првенство во фудбал 2022!

Светската антидопинг агенција (ВАДА) изрече драстична казна за сите руски спортисти....

Овој пат, со силна поддршка и на „Војводите“ од Тетово одбележувајќи 10 години меѓусебно братство на двете навивачки групи.

ВИСТИНСКИ СПЕКТАКЛ: „Комити“ и „Војводи“ прославија 10 години братство, шоу за паметење

Фановите конечно дочекаа да се израдуваат на вистински начин… Посетувајќи на најдобрите...

Вардар ја пречекува Шкендија во дербито на македонскиот фудбал на арената „Тодор Проески“ во недела во 13 часот. Покрај прославата на есенската титула, навивачите на Вардар ќе имаат уште неколку јубилеи кои ќе ги прослават на првенствениот натпревар.

ФОТО: Комити го „запалија” Скопје

Навивачите на Вардар, популарните Комити, вчера го имаа своето најавено дефиле пред...

Тој стујардесата ја пцуел, а инцидентот прераснал во големи размери што морала да реагира и полицијата која го исфрлила од летот.

ЕКСКЛУЗИВНО: ТРЕНЕРОТ АНТИЌ УТРОВО ИСФРЛЕН ОД АВИОН: Ја пцуел стујардесата и патниците, па го однела ПОЛИЦИЈАТА

Тренерот на Динамо од Врање, Драган Антиќ направи инцидент во авионот откако реагирала...