ОМД-Хејли Стивенс-уште една конгресменка во групата пријатели на Македонија

Објавил: Узунов Бобан | 16 август, 2019 9:05

Хејли Стивенс-уште една конгресменка од САД во групата пријатели на Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин

 Конгресменката од редовите на Демократската партија, Хејли Стивенс, се предружи на надпартиската „конгресна група за Македонија и заедницата на македонски Американци“, објави синоќа Обединета Македонска Дијаспора, организација на македонските иселеници во САД.

Во македонската конгресна група членуваат 27 членови помеѓу кои се демократот Брендон Бојл од Филаделфија и републиканците Пол Мичел и Стив Стиверс од Мичиген и Охајо, кои застапуваат „зајакнување на односите помеѓу САД и Македонија“.

Триесет и шестгодишната Стивенс лани извојува побeда во Детроит, регион кој долго време беше под контрола на републиканците. За време на поранешниот претседател Барак Обама, таа беше ангажирана како помошник во експeртската група за спас на американата автомобилска индустрија.

Инаку конгресменката Стивенс, претставничка од Мичиген, е член на Комисијата на Претставничкиот дом за образование и труд и на Комисијата за наука, вселена и технологија. Исто така, таа раководи и со подкомитетот за развој и технологија.

-Го поздравуваме пристапувањето на Стивенс во конгресната група… Посебно поради тоа што доаѓа од округ каде живеат Македонци кои придонеле мошне многу во економскиот и претприемачкиот развој на поширокиот регион на Детроит, соопшти ОМД.

Според организацијата, во Мичиген живеат приближно 125 илјади Американци со македонско потекло.


Инаку, конгресменката Стивенс синоќа објави дека пристапува и во друга конгресна гупа. Според „Си-Ен-Ен“ таа стана 122-от член на Претставничкиот дом, од 225 членови-демократи, која побара отпочување на процедура за импичмент на Трамп.

Законски, процедурата импичмент може да започне доколку има согласност од двотретинско мнозинство на Претставничкиот дом, додека Сенатот настапува како Врховен суд каде се води судски процес за обвинетиот висок државен функционер кој е соочен со импичмент (отповикување).


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Николоски во еден момент го запраша министерот за надворешни работи, Никола Димитров која беше целта на промената на името ако после речиси две години Македонија се уште нема добиено датум за преговори со Европската Унија.

Николоски до Димитров: Го променивте името за да влеземе во ЕУ и Нато, зошто се уште нема датум за преговори ?

Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вечерва е гостин...

Според Беговиќ, проблемот со нападите е рецидив од некоректните политики на претходната власт која водеше жестока кампања, облепувајќи ги болниците со „Не примам мито“ и праќајки ги извонредните доктори на еудкација, со што ја понижи и маргинализира лекарската фела. Но, сегашниот министер, не направи ништо за да го излечи рецидивот.

Беговиќ мора да има ефикасен систем за заштита – да има обезбедување и видео надзор во сите здравствени установи

Да се воспостави ефикасен систем за заштита на лекарите (физичко обезбедување и видео...

Во однос на ебзбедноста во училиштето и јас како одговорно лице на оваа инстисуција ги превземаме сите потребни мерки, спортксата сала беше реновирана пред десетина години, но лошата изведба довело до распаѓање на истата.

Се распаѓа училиштето „Димитар Македонски” во Лисиче – родителите револтирани не сакаат да ги пушаат своите деца на настава

Се распаѓа училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче во субстандардни...

Тие според СЈО, нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и за истиот износ на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Делото застарува – Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Адвокатот Јанаки Митровски во емисијата 10 минути изјави дека делото за кое поранешниот...