Овие операции се во рамки на проектот на Министерството за здравство за соработка на Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија „Пиргов” од Бугарија.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2021 14:43

ХИРУРЗИТЕ ОД БУГАРИЈА И СКОПЈЕ ВОДАТ УСПЕШЕН ПРОЕКТ ЗА ТЕШКИ ВРОДЕНИ НЕОНАТАЛНИ АНОМАЛИИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За две години на Универизитетската клиника за детска хирургија во Скопје се направени 160 комплексни операции кај новороденчиња и бебиња со тешки вродени аномалии. Најмалиот пацинет опериран на клиниката има само 1.300 грама.

Овие операции се во рамки на проектот на Министерството за здравство за соработка на  Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија „Пиргов” од Бугарија.

Проектот почна пред две години и овозможи едукација и на нашите детски хирурзи и воведување нови методи на хируршки интервенции. Претходно многу често се случуваше тешки случаи на аномалии кај мали пациенти, да се упатуваат за операција во странство. Денес овие операции се прават успешно на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Во рамки на последната работна посета, министерот за здравство д-р Венко Филипче на Клиника за детска хирургија во Скопје се сретна со проф. д-р Цветко Георгиев и доц. д-р Христо Шивачев, двајцата од Универзитетската болница за детска хирургија „Пиргов”, кои последните две години со тим на наши детски хирурзи оперираат применувајќи нови методи од областа на торакална детска хирургија кај бебиња со тешки вродени неонатални аномалии.

На средбата на која беа споделувани искуства за работата, присуствуваа дректорот на Клиниката за детската хирургија, д-р Лазар Тодоровиќ и детскиот хирург д-р Јетмир Зибери, кој го предводи нашиот тим хирурзи кој оперираат тешки вродени аномалии кај бебиња.

Во рамките на заемната соработка, освен двајцата хирурзи од Бугарија кои доаѓаат и оперираат заедно со хирурзи од скопската клиника, лекари од Детска хирургија, заминуваат на обука и едукација во клиниката „Пирогов“ во Бугарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Веста за трансплантацијата ја објави утрово министерот за здравство Венко Филипче преку својот фејсбук-профил.

ИСТОРИСКА ФОТОГРАФИЈА: Докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Историска фотографија, докторите и се поклонуваат на младата девојка чие семејство...