Холандската национална телевизија објави дека владата ќе одржи прес-конференција подоцна во текот на денот, на која ќе објави продолжување на ноќниот полициски час.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 февруари, 2021 21:57

ХОЛАНДИЈА ГО ПРОДОЛЖУВА НОЌНИОТ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Останува на сила до 2 март

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Холандската влада ќе го продолжи ноќниот полициски час воведен поради ковид 19 до 2 март, пренесува Ројтерс.

Холандската национална телевизија објави дека владата ќе одржи прес-конференција подоцна во текот на денот, на која ќе објави продолжување на ноќниот полициски час.

Полицискиот час во Холандија беше воведен на 23 јануари, првпат по Втората светска војна, а овој потег на властите доведе до неколкудневни протести и немири.

По неколкумесечни мерки за заклучување, бројот на нови случаи во Холандија започна да опаѓа, но владата предупреди дека новите видови на вирусот корона можат да доведат до нов бран на пандемии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната...