Атиџе е вистинска ѕвезда, луѓето ја сакаат и дури и холивудските ѕвезди постојано ја застануваат за да се сликаат со неа.

Објавил: Перо Милчин | 8 февруари, 2020 15:42

ХОЛИВУД СЕ ДИГНА НА НОЗЕ, АТИЏЕ ОПИШАНА КАКО ЅВЕЗДА: Во недела Оскарот го зема “МЕДЕНА ЗЕМЈА„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата Aтиџе пристигна во Холивуд, а странските медиуми веќе ја опишуваат како ѕвезда.

„Атиџе го шармира Холивуд” се вели во насловот на текстот што го објави Франс Прес посветен на нашата скромна Атиџе

„На Оскарите во недела, посветете внимание на Атиџе Муратова. Не можете да ја промашите. Таа ќе биде единствената македоснко-турска гостинка меѓу публиката во театарот „Долби” во Холивуд”, пишува во текстот.

Атиџе е вистинска ѕвезда, луѓето ја сакаат и дури и холивудските ѕвезди постојано ја застануваат за да се сликаат со неа.

Македонскиот документарец „Медена земја“ е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска. „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата. Атиџе со ведрина во гласот се присетува на безгрижните детски денови во селото Бекирлија.

Во детството, Атиџе неколку пати се соочила со страшни убоди од пчелите, но така и ги засакала.

Медена земја е првиот филм во историјата кој добил номинации за Оскар во две категории – најдобар документарец и најдобар странски филм.

„Сара Џесика Паркер беше многу возбудена што ја сретна Атиџе откако го гледала филмот. Атиџе ѝ предвиде иднина гледајќи ѝ на кафе“, вели продуцентот Атанас Георгиев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските медиуми ги испишаа за настапот на македонската оперска дива Ана Дурловски.

Ана Дурловски во Женева: Нејзината драматична интерпретација беше беспрекорна

Огромна е честа да се биде Македонец кога ќе се прочитаат критиките што женевските...

Изненадување. Директно од изворот. Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“. Во случајот кои се тие „нив“? Најслаткиот подарок и најчистата приказна.

Холивудската ѕвезда од Атиџе доби МЕД: Атиџе ми остави тегла. Ветив „Половина за мене, половина за нив“

Легендарната холивудската актерка Џејми Ли Кертис на својот Инстаграм се пофали дека...

Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата.

Се огласи тимот на “Медена земја”: Ви благодариме што верувавте во нас – Атиџе ни беше ѕвезда водилка

Македонскиот документарец „Медена земја“ не освои Оскар во двете категории во кои...