Од полицијата додаваат дека во моментов Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 септември, 2020 12:25

Хорор во Гостивар: Маж со секира ја заклал сопругата- соседите вознемирени од трагедијата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Утрово во 6 часот и 50 минути, се случило убиство во Гостивар. Од МВР информираа дека 33 годишен маж ја пронашол својата мајка усмртена во спалната соба.  Од полицијата велат дека осомничен за убиството е Б.И.(67) кој како што велат со секира си ја заклал сопругата во семејната куќа.

„Денеска (10 септември) во 6 часот и 50 минути, В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60).Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил.“ – велат од МВР за Прес24

Од полицијата додаваат дека во моментов Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово вршат увид на лице местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Настанот видно ги вознемири повеќето соседи во гостиварската населба Бањешница кои од утрово се обидуваа да разберат што се случило во нивна близина. Повеќето беа зачудени од настанот, бидејќи како што рекоа, биле сосема нормални луѓе и ништо не навестувало дека утрово ќе има трагичен исход.

Засега не е познато што довело до трагедијата, но неофицијално станува збор за расправија поради нарушени меѓусебни односи.

Во меѓувреме еден од соседите за МИА изјави дека, осомничениот, непосредно по настанот побегнал и дека се јавил во полиција. Тој рекол дека наскоро ќе дојде да се пријави. Од СВР Тетово не можеа да ги потврдат овие наводи и само посочија дека осомничениот по извршеното кривично дело е недостапен и се спроведуваат активности за негово обезбедување.

Издадени се наредби за обезбедување и прибирање на траги за натамошно вештачење и за обдуција на телото. 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...