Палење, поплави, кршење, насилно влегување во туѓи станови, демолирање на заедничкиот влез, агресија и сексуални закани кон жените во зградата, се само дел од секојдневните сцени што ги приредуваат браќата.

Објавил: Весна Петровска | 20 јануари, 2020 9:54

Хорор во зграда во Аеродром – шокантно видео од станот – институциите немаат решение!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Станарите зградата на улицата „Коста Новаковиќ“ во населбата Аеродром , со години живеат во страв бидејќи се изложени на секојдневно тероризирање од непресметливото однесување на двајцата 29-годишни близнаци кои живеат во еден од становите, пренесува „А1он“.

Палење, поплави, кршење, насилно влегување во туѓи станови, демолирање на заедничкиот влез, агресија и сексуални закани кон жените во зградата, се само дел од секојдневните сцени што ги приредуваат браќата.

Голготата на станарите трае долго но ескалирала последниве две години, кога и сестрата на овие браќа се отселила од станот, а таа, според кажувањата на станарите барем малку ги држела нештата под контрола.

Станарите се сведоци и на неартикулирано однесување и звуци на физички и вербални пресметки и меѓу двајцата браќа. Нивниот стан пак е сосема руиниран и запустен, живеат без струја и греење, спијат на под, а во валканите простории има дури и фекалии, така што има закани и за ширење на зарази.

Сепак, велат станарите тие се плашат за себе но исто така се плашат и за животот на браќата, бидејќи со однесувањето кое го манифестираат тие се опасни и за самите себе.

Целата вест прочитајте ја на А1он.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат од шокот по трагедијата во која загинаа 59 лица, утрово се простуваат од Иле Гоцевски

Нова трагедија во Кочани: Вчера цел ден пренесувал повредени, денес не се разбудил

Колегите и вработените во Општата болница Кочани, кои се’ уште не можат да се соземат...