Полициски припадници од Полициска станица Кисела Вода го уапсиле лицето  В.С.(47) од Скопје, бидејќи ја нападнал својата мајка. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 февруари, 2020 12:43

ХОРОР ВО КИСЕЛА ВОДА: Со нож ја прободел сопствената мајка, а потоа жива ја запалил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера, на 21.02.2020 попладне околу 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ се случувала вистинска драма во скопската населба Кисела Вода.

Полициски припадници од Полициска станица Кисела Вода го уапсиле лицето  В.С.(47) од Скопје, бидејќи ја нападнал својата мајка. 

Имено станува збор за лице со  психички здравствени проблеми. В.С. со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа сакал жива да ја запали, но за среќа пожарот бил изгаснат од соседите.

Мајката А.С. веднаш била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според портпаролот на Националниот кризен вирус кризен центар, белгиските власти очекуваат ширење на болеста да достигне врв во наредните денови и да достигне точка на скоро целосен болнички капацитет.

ТАГА ВО БЕЛГИЈА: Девојче (12) ја загуби битката со КОРОНА- најмлада помеѓу 700 жртви од пандемијата!

Белгиските власти соопштија денеска дека 12-годишно девојче, најмладо меѓу повеќе од...

Министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на повредените пациенти хоспитализирани на КАРИЛ, попладнево изјави дека четворица од повредените се во тешка состојба со висок степен на изгореници.

Четири лица повредени во експлозијата во Романовце се со висок степен на изгореници

Голема трагедија ја потресе денеска Македонија, откако животот го загубија три деца...