Вкупно 26 лица се хоспитализирани во болниците во Солун поради повредите здобиени во силното невреме кое синоќа го погоди подрачјето на Халкидики.

Објавил: Весна Петровска | 11 јули, 2019 11:52

Хорор во популарното грчко летувалиште – леарите во шок, ова не се случило досега

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најмалку седум лица, меѓу кои и деца загинаа а најмногу од 100 лица повредени во силното невреме кое го погоди грчкиот полуостров Халикидики, популарно меѓу туристите.

Вкупно 26 лица се хоспитализирани во болниците во Солун поради повредите здобиени во силното невреме кое синоќа го погоди подрачјето на Халкидики.

Во солунската болница сместени се 9 повредени, од кои едно лице е на одделението на интензивна нега.

Според последните податоци синоќа вкупоно 120 лица се префрлени во здравствените домови и болници.

На полуостровот Халкидики е прогласена вонредна состојба.

Телефонските и интернет врските се прекинати на полуостровот, популарен меѓу Македонците.

МНР излезе со соопштение и изјави дека засега нема информации за повредени македонски туристи.

До овој момент нема информации за настрадани државјани на Северна Македонија во невремето што го зафати поширокиот грчки регион Халкидики, потврдија за МИА од МНР.

Засега ниеден македонски државјанин не пријавил ниту штета од невремето. Во тек се дополнителни проверки од страна на надлежните институции.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Меѓутоа, кога новинарите го прашаа дали е можно тој да биде толку неодговорен што не сторил ништо што им било препорачано на сите други заболени од коронавирус, (самоизолација, тестирање ...), Несторовиќ тврди дека не се однесувал неодговорно кон себе или кон луѓето од неговата окоКако гостин во една емисија, тој исто такапризна дека не бил во самоизолација затоашто имал премногу работа.лина.

Несторовиќ повторно шокира:Сигурен бев дека имав корона, но не бев во самоизолација!

Професорот д-р Бранимир Несторовиќ, член на кризниот персонал за борба против Ковид-19, ги...

Вирусот бил регистриран и кај тријажна медицинска сестра, која ги примала децата кои во понеделникот дошле во градинката во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во Власотинце.

Се отворија пред два дена а денес прв случај на Ковид-19: Воспитувачка во градинка во Србија заразена од корона!

Српскиот министер за образование, Младен Чаршевиќ, рече дека има процедури кога вирусот...

Од вчера, верските служби се дозволени во Црна Гора, но под одредени услови.

ВЕРНИЦИ СЕ СОБРАА ПРЕД ОСТРОГ И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ЗА СОБИРИ! Полицијата не ги спречи да оддадат почит на моштите на Св. Василије Острошки!

Верниците се собраа рано утрово пред манастирот Острог, каде митрополитот црногорско-приморски...