Видео

Објавил: Калина Мартинска | 22 март, 2025 12:10

Хотели, карти, тековни трошоци – државата целосно ги покрива трошоците за повредените, вели Муцунски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, рече дека Владата ги покрива сите трошоци на лицата кои се лекуваат во странство или во Скопје. Тој вели дека државата нема да остави било кој трошок, да остане непокриен.

„Однапред ние резервираме хотел, купуваме авионски карти, информираме дека ние ќе ги платиме трошоците за телефон, добиваат дневница/средства за тековни трошоци. Скоро сите граѓани се опфатени во директна комуникација со нашите Амбасади. Обезбедуваат логистичка поддршка, превод, комуникација со болницата. Не е лошо што граѓаните помагаат, но треба да знаат дека државата мисли на секој трошок што може да настане“, рече Муцунски.

Тој посочи дека цела логистика и трошоци за враќањето – ќе биде исто на трошок на државата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести