
Македонија
Вести
Министерството за одбрана на Хрватска испраќа авион Канадер со два екипажи во земјава на помош, за да обезбеди хуманитарна помош во гаснењето на пожарите.
„Авион Canadair CL-415 со два екипажи се испраќа во Македонија по наредба на вицепремиерот и министер за одбрана Иван Анушиќ“, се вели во соопштеието на министерството во Загреб, пренесе „Индекс“.
Во Македонија на сила е кризна состојба поради зголемена појава на пожари. Помош вчера испрати Турција, а се очекува денес да пристигне помошта и од Словенија, Србија и Црна Гора.
Последни информации во последното деноноќие
ЦУК: 2 045 повици на 112 во последното деноноќие и имаше 31 пожари на отворено од коишто активни беа до пред информирањето 12, а сега се 11 – пожарот во Општина конче е изгаснат
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 486 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 65,12%, а 34,88% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
ЦУК информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 31 пожар на отворено, од коишто активни се уште се 12. Инаку, вчера имало 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.
Вкупно: 31 пожари на отворено активни беа до пред информирањето 12, а сега 11 – пожарот во Општина конче е изгаснат.
Пожарот на Планината Серта се прошира на 2(две)Општини.
1 Општина Неготино во атарот на с.Калањево ( ниска вегетација и шума );
2 Опш. Конче, селата Горни и Долни Липовиќ (ниско стеблеста шума –Бор);
– Опш. Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, м.в.Хаџи Реџепли ( ниска вегетација и грмушки);
– Опш. Ново Село над с.Бадилен, ( борова шума);
– Опш. Чашка, селата Дреново и Долно Јаболчиште (мешовита шума);
– Опш. Долнени, с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација);
– Опш. Долнени с. Слепче и с. Гостиражни гори ниска и сува вегетација (трева и нискостеблесто)
– Опш. Гевгелија, помеѓу с.Негорци и с.Кованец(даб,смрека,прнар, сува трева).
– Опш. Студеничани, Бегово поле (Ниска вегетација и Мешена шума);
– Опш. Радовиш, с.Штурово (Ниско стеблесна и борова шума);
– Опш. Битола, ул. Девеани бр.92 м.в. Гермаски гробишта (Ниска вегетација);
– Опш. Македонски Брод, с.Грешница и с. Слатино (Деградирана шума, ниска вегетација и грмушки
Изгаснати се 19 пожати на отворено:
– Опш. Штип, местено викано Патрик ( смрека, дабова шум.и мешовита шума);
– Опш. Сопиште, Света Петка (Ниска вегетација);
– Опш. Зелениково, ул.Петре Ацев (Ѓубре);
– Опш. Сарај, с.Грчец (Ниска вегетација и ѓубре);
– Опш. Крушево, с.Алданци (дива депонија);
– Опш. Крушево, градска депонија (депонија);
– Опш. Ресен с.Дремени (Ѓубриште);
– Опш. Долнени, с.Забрчани ( Жито);
– Опш. Охрид, с.Мешеишта (Корени од Јаболки);
– Опш. Охрид, м.в. Мауцкер (Депонија);
– Опш. Струга, с.Биџево (Стрниште);
– Опш. Кочани, с.Бејли (бали и слама);
– Опш. Куманово, с.Бедиње (Ниска вегетација);
– Опш. Брвеница, с.Челопек (Ниска вегетација);
– Опш. Брвеница с. Милетино ( Ниска вегетација и стрниште);
– Опш. Гостивар, ул. Иљо Антески Смок (Ѓубриште).
– Опш. Делчево, Село Полет (Депонија);
– Опш. Кочани, Пласковица (Шума);
– Опш. Прилеп, с.Веселчани (Ниска вегетација и жито)
Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и со воздухоплови, како засилување на силите коишто гаснат од земја, пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници, од доброволни ПП друштава, мештани и од други здруженија на граѓани. Прво почана да дејствува еден полициски хеликоптер, а за кратко му се приклучи и еден армиски хеликоптер. Инаку, побарана е и меѓунардна помош за справување со пожарите. на терен е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, кој претпочита при вакви ситуации да биде на терен, и информира подетално и за меѓународната помош.
Утрово директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, во мугрите, присуствуваше на брифинг со армиските и турските пилоти пери што меѓу другото е договорено фокусирање на огнените точки на Серта, тактика – дејство и точка по точка со концентрирано гаснење. Истовремено, тој искажа голема благодарност до сите храбри пилоти кои се борат против огнената стихија, цитираме: „Благодарност до Република Туркије за испратената помош од два ПП авиона „ер трактори“ и еден хеликоптер „блек хок“.
Во моментов, Ангелов е турскиот хеликоптер, лета кон Серта, за околу еден час, за сите медиуми, ќе следи негова прецизна изјава, сите пожари се под делумна контрола вклучително и пожарот кај Битола.
ЦУК информира за детали за активните 12 пожари на отворено, односно сега веќе се намалени на 11 пожари, бидејќи во Општина Конче е изгаснат. Информираме со податоци од последното деноночие:
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112 беше добиена пријава за пожар на отворено кај Бегово Поле и полициска куќарка кај место викано Бачила пред Планинарски Дом Караџица (Опш.Студеничани). БППЗ Скопје известува дека тој е непристапен терен и со возила би требало многу време да се дојде до таму и истите нема да интервенираат, гори ниска вегетација и мешана шума. За пожарот известени се ЈП Национални шуми подружница – Караџица и Градоначалникот на Општина Студеничани. Во 20:20 часот, преку Едиствениот број за итни повици 112 од Градоначалникот на Опш. Студеничани е побарано воздушна поддршка за гаснење на истиот.
Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп во која се наведува дека пожарот кој започнал на 13.07.2024 година во 22:30 часот,на сртот над с.Црнилиште (Опш.Долнени) се уште е активен и нема промени со состојбата на пожарот.
Активен е кракот од пожарот во атарот на село Слепче и с.Гостиражни (Општина Долнени), на 2,5 – 3 километри над селото, со фронт од околу 1 км. Пожарот е во високиот дел од планината и е во дабова шума. Засега не се загрозени манастирот и селото. Единствени ангажирани сили се 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилеп. За пожарот се известени ЈП Национални шуми Црн Бор“од Прилеп и ЕЛС Долнени но тие немале човечки ресурси кои би ги испратиле на терен.
Пожарот кој што започна вчера во 16.00 ч. кај м.в. „Германски гробишта“,на ридот над населбата Баир во Битола се уште трае и се шири кон „Бел Камен“ и „Снегово“.Гори сува трева,грмушки и шума со мешовит состав. Зафатена е површина од околу 100 хектари.Засега не се загрозени населени места. Во текот на денот интервенирале: ТППЕ Битола со 35 пожарникари и 6 ПП возила,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари,ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 12 лица и ЈП „Водовод“од Битола со 10 лица и локално население.
Во 22,00 ч.се одржа состанок на Кризниот штаб во Општина Битола на кој е одлучено во ноќните часови на терен да останат екипи од ТППЕ Битола,а во утринските часови на терен да излезат:ТППЕ Битола со 40 пожарникари ,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари, ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“ од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица, ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.
Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од Системот а управување со кризи (СУК). Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија.
На терен биле 40 пожарникари од ТППЕ Битола, додека во 07.00 часот ќе излезат екипи од :ДПД „Архангел “со 9 пожарникари,ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица,ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.
Градоначалникот на Општина Битола упати бар ање за воздушна поддршка .Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола.За пожарот се известени сите субјекти од СУК.Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија.
РЦУК Струмица, известува дека пожарот кој започнал на ден 10.07.2024 година во 15:20 часот над с.Бадилен (Опш.Ново Село) се уште е активен во кој гори дабова и борова шума но југозападната страна на пожарот е ликвидирана но во непристапни долови сеуште тлее и догорува напластен сув материјал. Во текот на вчерашниот денот дејствуваа ТППЕ Струмица со 7пожарникари со 2 теренски возила, ловното друштво 1лице, 4 авиони, ПС Дојран со 4 полицајци и 1 глисер. Во текот на денешниот ден во раните утрински часови повторно ке излезат со 4 пожарникари на терен.
Шумскиот пожар помеѓу с.Негорци и с.Кованец(Опш.Гевгелија) кој започнал на ден 12.07.2024 година е активен но со намален интензитет. Изгорена е површина со ниска вегетација, смрека, прнар и даб на површина од околу 100 ха. Поради специфичноста и недостапноста на теренот, истиот се следи од страна на 3 пожарникари со 1 теренско возило од ТППЕ Гевгелија и 20 вработени во ЈПНЦ-подружница – Кожув“ Гевгелија. Еден крак од пожарот е активиран и гори мешана нискостеблеста шума према с.Серменин. ЈПНШ- подружница Кожув и ТППЕ се вратени од терен и денес изутрина повторно ке се договорат за дејствување.
Пожар во близина на с.Штурово над (Опш.Радовиш) на планината Плачковица кој започна од 16:20 часот, каде гори ниско стеблеста и борова шума . На терен се излезени 2 пп возила со 15 пожарникари од ТППЕ-Радовиш, ПС Радовиш со 1 возило и 2 полицајци, сканиа, ФАП, 2 џипа од ЕЛС Радовиш.
РЦУК Велес известува дека на ден 13.07.2024 година во 17:00 часот започнал шумски пожар на отворено на планина Голешница на врвот Лисец, на потегот помеѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште (Општина Чашка) и сеуште е активен. Во негово гасење интервенираа 10 вработени од ЈП Национални шуми-подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население од с.Долно Јаболчиште. Зафатена површина од околу 20 ха ниско стеблеста деградирана шума и дел од дабова шума. Пожарот е сеуште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Во текот на раните утрински часови повторно ќе се интеревнира.
ТППЕ Неготино, известува дека на ден 10.07.2024 година во 10.00 часот започнал пожар на планината Серта Општина Неготино и се уште е активен, поточно на потегот на Армискиот АБХ Полигон во правец на територијата на општина Штип.Во моментот другиот активен пожар е во месноста Дуњица (локација помеѓу село Калањево и село Брусник). И на двата активни пожари гори висока шума(мешавина од даб, смрека и бор) како и ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума. Пожарите имаат голем опфат околу 8 км пречник.
Ангажирани сили за справување со пожарите во вчерашниот ден: Хелихоптери 2 :Еден на АРСМ и еден Полициски, интервенирале во утринските часови кај Серта .
Во гасење на пожарот учествуваа припадници на АРСМ и Полициски единици.
Од локални сили ангажирани се следните:
1.ТППЕ Неготино: 10 пожарникари со 1 џип и 2 цистерни
2. ТППЕ Прилеп: 10 пожарникари и 1 џип
3. ТППЕ Кавадарци: 4 пожарникари и 1 џип
4. Доброволно друштво од Кочани: 10 пожарникари
5. Ловечко друштво Неготино: 10 лица и 2 џипа
6. Мештани: 4 лица и 1 џип
7. ЕВН Македонија: 6 лица и 2 џипа
8. ЈП Национални шуми подружница Демир Капија: 15 лица и 1 камион и 2 џипа
9. ЈП Комуналец Неготино:2 цистерни и 4 лица
10 ЈП Комуналец Кавадарци: 1 багер, 1 Булдужер утоварач,
11. Градба промет: 1 Булдужер
12. ЈА Ми Комерц Кавадарци: 1 багер гумаш,
13. Анел Мак Кавадарци: 1 булдужер
14. 1 Амбуланта / пожарна: Кавадарци 4 лица
15. 1 Брза Помош Неготино: 3 лица
16. Противпожарно друштво Неготино: 5 лица
17. То Транс 95: 1 возило и 5 лица.
Од 16:15 часот на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради безбедност на учесниците во сообраќајот. Причина е активен пожар.
РЦУК – Штип, известува дека пожарот кој е активен од 12.07.2024 година од 16:00 часот во атарот на селата Селце и Драгоево кај м.в. Хаџи Реџепли е сеуште активен. Во текот на вчерашниот ден овие силе беа ангажирани:
ТППЕ-Штип во 08:30 часот ,со 1 ПП возило и 2 пожарникари се упатени кон пожарот на „Серта“.
Околу 10:00 часот ,ТППЕ-Штип со 1 ПП возило и 3 пожарникари ке излезаат на пожарот Драгоево-Селце (Хаџи Реџепли). Во текот на ноќта една екипа беше дежурна на овој пожар околу селата.
ЈПНЦ подружница Серта– Штип 1 теренско возило со 5 вработени се отидени ма м.в. „шоуба-АБХО полигонот“ ,на гаснење на кракот од пожарот Драгоево-Селце (Хаџи Реџепли. ЈПНЦ подружница Серта– Штип со 1 теренско возило и 3 вработени се упатени кон пожарот „Серта “. ТППЕ-Штип во 10:00 часот, ги има ангажирано следните ресурси: на пожарот Селце-Драгоево (Хаџи Реџепли) 1 ПП возило и 4 пожарникари на потегот с.Драгоево- мв штракалево-стар- пат Штип-Неготино (пат кон полигон криволак), 1 ПП возило и 4 пожарникари на потегот Селце -шоуба (АБХО полигон ) по трасата на гастоводот. Пожар Серта 1 ПП возило и 4 пожарникари од превојот кон Неготино.
Ресурсите од ЈПНЦ подружница Серта– Штип се не променети
Во 14:40 часот, хеликоптеро од Турција почна да дејствува на потегот Селце- Шоуба (АБХО полигонот) на трасата на гасоводот каде што е и екипата на ТППЕ-Штип
Во 14:30 часот, пожарот што е кај Драгоево -Штркалево по налетот на ветерот има поминато преку патот за полигонот Криволак(стариот пат Штип- Неготино). На овој дел дејствуваат единица на АРСМ и ТППЕ-Штип. Хеликоптерот дејствуваше во два наврати со по 1000 лит.вода и се создадени услови за гаснење од копно. Со одлука на кординаторот(лице од АРСМ) хелихоптерот од 16:45 часот е повлечен од потегот Селце -Шоуба(АБХО полигонот), дека ке биде по ефикасен на потегот Драгоево – Штракалево ,каде што пожарот е во помал обем дејството на хелихоптерот ке биде со поголема ефикасност.Исто така екипите кои се на терен се испратени 30 војници на АРСМ.
Околу 17:00 часот, единицата на АРСМ се повлекоа од пожарот на Серта поради премора.
Во 20:00 часот, екипата е повлечена како и единицата од АРСМ-Штип во 17:30 часот, е повлечена кои денес учествуваа во гаснењето. Исто така, пожарот се гаснеше од воздух со хеликоптер од Република Турција кој направи 3 празнења по 1000 литри вода потоа е повлечен во Опш.Радовиш. Дежурна екипа на ТППЕ-Штип во ноќните часови контролира околу селата Селце и Драгоево. По барање на РЦУК-Штип денес во 07:30 часот ,16.07.2024 год. свикан е состанок на Кризниот Штаб.
РЦУК Охрид известува дека шумскиот пожар кој започна во 18:15 часот, помеѓу с.Грешница и с. Слатино во Македонски Брод кај мостот на реката Треска се уште е активен. Гори сува трева , грмушки – деградирана шума. На терен во гасење на пожарот учествуваат екипи од ТППЕ-М.Брод со 1 ПП вози ло и 5 пожарникари, 2 шумари од ЈПНШ подружница Сандански , 2 вработени од МВР и 2 од ДЗС М.Брод. Нема опасност од ширење на пожарот во шумата или да загрози населени објекти.
Ова е информација од утринските известувања од регионалните центри за управување со кризи коишто се сублимираат во ЦУК
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Едноставно, секојдневно, медиумите ја мобилизираат позитивната колективната свест за заедницата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.