
Свет
Криза
Нов земјотрес утрово повторно го погоди Петриња!
Во 09 часот и 21 минута регистриран е нов потрес во Хрватска. Според ЕМСЦ, епицентарот е на длабочина од 5 километри!
Силен земјотрес ја вчера погоди Хрватска, а земјотресот се почувствува низ целата земја.

Земјотресот беше почувствуван во Риека, Вуковар, Сплит… Во Загреб, исто така, се почувствува доста силно, објавија хрватските медиуми!
Според ЕМСЦ, моќноста на земјотресот била 6,3. степени по Рихтер.
По тој земјотрес, се почувствувал уште еден помал, објавија хрватските медиуми!
Луѓето во Загреб излегоа на улиците, во делови од центарот на градот нема струја.
Граѓаните на Загреб излегоа на улиците по денешниот земјотрес со јачина од 6,4 степени, во паника и страв дека земјотресот може да се повтори, изјави за Танјуг Милица Вучковиќ, која живее во Загреб.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.