
Свет
Криза
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 3.363 нови случаи на вирус САРС-КоВ-2, така што бројот на активни случаи денес е вкупно 25.035, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Меѓу нив, 2.864 пациенти се во болница, од кои 295 се на апарати за дишење.
78 лица починаа, според порталот Индекс.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се заразени вкупно 175.886 лица, од кои 2.640 починале.
Вкупно закрепнаа 148.211 лица, од кои 3.520 во последните 24 часа.
Во моментов има 59.388 лица во самоизолација.
Додека пак Италија е на првото место во Европа според бројот на жртви на ковид 19, вкупно 64.036 лица починаа досега, а во тој број ја надмина Англија, која досега држеше неславен примат, пишува агенцијата Анса.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.