
Свет
Европа
Хрватска има најголем двонеделен пад на новозаболени лица во Европската унија, објави на Твитер хрватскиот министер за здравство Вили Берос, додавајќи дека им се заблагодарува на граѓаните за почитувањето на епидемиолошките мерки.
Тој на Твитер објави и табела со движење на бројот на новозаразени со вирусот во Европската унија, што беше објавено во извештајот на Универзитетот Хопкинс, пренесува Хина.
Табелата покажува дека Хрватска забележа најголем пад на бројот на новоинфицирани лица од 46,3 проценти во последните две недели во Европската унија, следена од Луксембург со 44,8 проценти.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.