
Живот
Многу верници утре ќе се поклонат на папата Франциск кој ќе ја оддржи литургија на плоштадот Македонија меѓу нив е и хрватското семејство Невестиќ кое за Сител открива како со нетпрение ја очекуваат утрешната миса и блиската средба на поглаварот на римокатоличката црква.
Ова семејство кое живее 30 години во Македонија вели дека 15 дена во нивниот дом се подготвуваат за големиот ден со позитивна мисла и молитви.
-Знаете, кај оди папата носи мир и просперитет.Се бараше карта да се види папата, не само да се присуствува, вели за Сител Станко Невистиќ од заедницата на Хрватите во Македонија.
Исто така тој додава дека утрешната церемонија е настан кој се случува еднаш во животот, да се види со папата и да добие благосолв.
-Цела Македонија треба да се чуствува позитивно, секој да присуствува, но мислам дека не се направи доволно, бидејќи утре е работен ден и не може секој да дојде, вели Невистиќ.
Исто така голем број на верници кои живеат во внатрешноста ќе дојдат во Скопје со организиран превоз за да присуствуваат на свечената миса и да се поклонат пред поглаварот на Римокатоличката црква.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.