"За власт, за моќ, за функции го продаде Македонскиот народ" порача Мицкоски.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јануари, 2019 10:05

Христијан Мицкоски му порача на Заев : “Ех Зоране…ќе остане запишано”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи му порача на премиерот Заев дека за пусти пари го продаде својот народ.

Пратениците вчера ги изгласаа уставните измени. Со 81 глас “за” и ниту еден против и воздржан е донесена одлука за прогласување на сите законски амандмани кои произлегуваат од договорот од Преспа.

Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија. 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ разочаран од моменталната ситуација во Македонија, на социјалните мрежи објави видео во кое му порачува на премиерот дека за власт и функции го продаде Македонскиот народ.

„Кога не знаеш зошто се случува ова синко, да знаеш за пусти пари го продаде својот народ.
За власт, за моќ, за функции.
И затоа денес ги нема парите, ниту во народот, ниту во фирмите.”
Ех Зоране… ќе остане запишано, порача Мицкоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.