Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 декември, 2021 5:52

Христијан Мицкоски номиниран за кандидат за лидер на ВМРО-ДПМНЕ, поддржан од 50 делегати

Фото/Текст извор: ©магазин

До партиските органи на ВМРО-ДПМНЕ, пристигна кандидатура за Христијан Мицкоски за претседател на партијата потпишана од 50 делегати.

Во кандидатурата се наведува:

,,Врз основа на член 34 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ ние како делегати на партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ покренуваме формална иницијатива за номинација на проф. д-р Христијан Мицкоски во изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дадената недвосмислена и безрезервна поддршка е резултат на неговото досегашно одговорно, чесно и квалитетно раководење со партијата, големиот напор кој што го вложи кон стабилизирање на состојбите во најголемата политичка партија во нашата земја, како и на постигнатите позитивни изборни резултати од последните локални избори.

Веруваме дека повторниот избор на проф. д-р Христијан Мицкоски ќе биде дополнителен поттик за идното раководство, членовите на партијата и граѓаните на Македонија уште повеќе заеднички да се заложат за целосно спроведување на програмските определби на партијата со силен државотворен карактер и кадровски капацитети кои ветуваат непречен политички и економски развој на нашата татковина.

Преку партијата на која најмногу и веруваат граѓаните и под водство на нејзиниот претседател Мицкоски силно го отвораме патот за модернизирање на нашата држава, владеењето на правото, засилување на борбата против корупцијата, побрзо надминување на тешките здравствени и економски предизвици, зголемување на животниот стандард на нашите граѓани, унапредување на односите со соседите, партнерите и сите пријателски држави и зголемување на брзината со која се движиме по патот на европската интеграција.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ била, е и останува најцврстиот гарант за зацврстување на државноста, независноста, мирот, стабилноста, безбедноста, економскиот развој и историскиот континуитет на Македонија”.

Меѓу потпишаните делегати за кандидатурата на проф. д-р Христијан Мицкоски се пратениците Дафина Стојаноска, Антонијо Милошески, Ели Панова, градоначалниците Тимчо Муцунски, Бобан Стефковски, Александар Стојкоски, Орце Ѓорѓиевски, Дарко Костовски, Борче Митевски, Стевче Трпковски, Коста Маневски, Иван Јорданов, Кирил Пецаков, Борче Јовчески.

Потписници на кандидатурата се и претседателите на униите, Жаклина Пешевска, Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов на Унија на млади сили, претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов, директорот на Центарот за комуникации, Луке Галески, и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Меѓу потписниците се Владимир Нелоски, Борко Ристовски, Илија Димовски, Оливер Шамбевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Лавина реакции во јавноста и молк од претседателот на Собранието Талат Џафери предизвика објавената аудиоснимка на која се слуша како тој им вика употребувајќи вулгарни зборови на собраниски службеници по завршување на пленарна седница

Се бара оставка на Џафери: Недостоен е да го води Собранието!

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател...

Кусата телефонска анкета, како што напоменува ИПИС, е спроведена во периодот помеѓу 4 и 6 мај на примерок од 1111 полнолетни испитаници на ниво на цела држава. ИПИС напоменува дека сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка која изнесува +/- 3 проценти, поради што сите

ИПИС: 39,1 отсто од анкетираните за предвремени избори, 32,5 отсто против, 28,4 отсто „не знааат“

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) денеска излезе со анкета за ставовите...

Според Ковачевски, ова што го прави Мицкоски е „најнеодговорното нешто што може некој да го направи“.

Ковачевски ги плаши граѓаните дека оваа година ќе биде најтешка по Втората светска војна

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на ТВ21 рече дека наредната...