Живот
Религија
Точно на полноќ, биењето на камбанaта на македонските цркви ја најавија радосната вест за воскресението Христово.
Воскресението на Исус Христос е најголемото случување во историјата на човечкиот род.
Во христијанската религија на Воскресение Христово Велигден се чествува воскресението на Исус Христос на третиот ден откако бил распнат на крстот и погребан. Празната гробница е видено од жените мироносци, кои посетиле гробот. Исус Христос се јавува на Марија Магдалена и на апостолите.

Велигден се празнува по еврејскиот празник Пасха (хеб. песах), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа.
Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.
Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.
Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постењедури ни во среда и петок.
Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро)Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината.
Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Религија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.