Христос Воскресе- Навистина Воскресе ! Порака за мир и благосостојба во секој блажен дом.

Објавил: Сара Фемина | 28 април, 2019 0:00

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА – НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Православните христијани денеска во повеќе земји го слават христовото воскресение Велигден. Прославата започна во саботата попладнето во Ерусалим, а продолжи во бројни други земји низ целиот свет.

Во Македонија, најмасовно беше кај Соборниот храм во Скопје, каде литургијата ја водеше поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан. Во велигденската порака до верниците поглаварот г.г. Стефан испрати апел за мир, единство и сплотеност меѓу македонскиот народ и меѓу сите верници.

Ви пренесуваме дел од неговата честитка по повод најголемиот Христијански празник Велигден.

Во Македонија, најмасовно беше кај Соборниот храм во Скопје, каде литургијата ја предводеше поглаварот на Македонската Православна Црква г.г. Стефан.

„Сѐ што било проречено за Спасителот Господ Исус Христос од старозаветните праведници – се исполнило: и доаѓањето, и раѓањето, и служењето, и cyдењето и pacпнувањето… Се исполнило и навестувањето за Неговото воскpeсение, кое Самиот го прорекол, кога рекол: ypнете го овој храм и за три дни ќе го подигнам. И навистина: по лажните обвинениja, по непpaведната пpecуда и по pacпетието на Голгота, Синот Божји бил погpeбан и на третиот ден – воскpecнал. Затоа, денот на Христовото Воскресение е ден за радост, и тоа радост за вечниот живот.

Но, за да го разбереме и да му се радуваме на тој спаcoносен ден, потребно е да живееме со настанот што ги донесе новото време и новата ера. Со Неговото воскрecение се опpaвда и сета наша вера и доби смисла животот. Од тоа чудо над чудата извира и надежта во сопственото воскpeсение, зашто ако Христос не воскpeснеше, пpaзна ќе беше нашата вера…

Илјадници христијани го прославија воскресението Христово во Црквата на светиот гроб во Ерусалим.

Светиот оган се смета за чудо кое се случува секоја година на Велика Сабота. Православниот патријарх на Ерусалим, Теофилос III ги пали првите свеќи со светиот оган, а потоа им ги распределува на верниците во црквата. Огинот потоа се пренесува и на верниците кои чекаат надвор од црквата.

ТИМОТ НА МАГАЗИН ВИ ГО ЧЕСТИТА НАЈГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВЕЛИГДЕН, СО ЖЕЛБА ЗА МНОГУ ЗДРАВЈЕ, МИР И БЛАГОСОСТОЈБА ВО СЕКОЈ ДОМ.

ХРИСТОС ВОСКРЕСНА-НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА !

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес, освен обвинителството и одбраната, прашања имаа и родителите на убиените момчиња.

АХМЕТИ СВЕДОЧЕШЕ ВО “МОНСТРУМ”: Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар

Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочеше за случајот „Монструм“. За лидерот на ДУИ, Али...

Претседателот Александар Вучиќ (49) денес постхумно го награди покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, со златен медал за заслуги.

Шабан посмртно одликуван со златен медал за заслуга: Вучиќ го врачи со звукот на песната “Дојди да остариме заедно”

Србија го одбележува денес, утре, Денот на државноста, во спомен на 15 февруари 1804 година,...