Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.

Објавил: Сара Петреска | 7 јануари, 2023 9:11

ХРИСТОС СЕ РОДИ- НАВИСТИНА СЕ РОДИ : ЗА МНОГУ ГОДИНИ МАКЕДОНЦИ КАДЕ И ДА СТЕ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Божиќ е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември.

Црквите кои го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари до 2100 г., а потоа ќе го прославуваат на 8 јануари до 2200 г., па на 9 јануари до 2300 г. итн.
Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.
Во повеќето земји во светот со значителен дел на христијанско население, вклучувајќи ја и Република Македонија, Божиќ е празник и неработен ден.4

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Навуходоносор во неговиот таинствен сон го гледа образот на Рождеството Христово, протолкуван од Данаил (2 глава). Карпата којашто се отцепила од планината без да ја допре човечка рака и го разрушила големиот идол е образ на Христовото раѓање.

Обично во иконата на Христовото раѓање Спасителот има сликовита врска со каменот кој го победил и разрушил страшниот човечки егоизам, во ликот на идол. Младенецот е претставен повиен, во средина на иконата. Земјата во иконата на Рождеството Христово не се претставува мазна и рамна, туку е полна со движење, разиграност, ридови и процепи. Тоа движење потсетува на морските бранови.

Обично во иконата на Рождеството се изобразуваат исто така и ангелите, мудреците и пастирите. Ангелите, како први гласници на Радосната вест за Рождеството Христово, мудреците и пастирите – претставници на човечкиот род, се поканети да му се поклонат на Христа.
Во горниот дел од иконата се претставува ѕвездата која ги води мудреците на еден начин кој ретко се среќава.

Таа е испратена да стои точно на врвот од пештерата. Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија.

Витлеемската ѕвезда се запазува како симбол не само во иконата на Рождеството, но и во Светата Литургија.

Свеќникот кој се поставува во повечерието на Рождеството во средината на храмот, исто така ја симболизира ѕвездата. Очигледно е дека таа зазема многу важно место на празникот Рождество, зашто е древен симбол на Христа, како што ни сведочи и Откровението: „Корен и потомок сум Давидов – Светла и Утринска Ѕвезда.“

Обично е изобразен и Јосиф, заштитникот на Дева, исполнет со тага, измачуван од сомнежи, не можејќи да го разбере таинството на Раѓањето на Синот од Девата. Карактеристично за многу икони на Рождеството е дека Богородица гледа не кон Спасителот, туку кон Јосиф, со поглед исполнет со разбирање и длабока сочувствителност.

Очигледно е дека таа со сите сили сака да му помогне. Иконата на Христа е образец или слика на бесконечната слава на доброволното предавање на Христа.

СРЕЌНИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ ВИ ПОСАКУВА ТИМОТ НА МАГАЗИН.МК.

Ви посакуваме здравје, многу љубов, мир и слога во секој дом.

ХРИСТОС СЕ РОДИ-НАВИСТИНА СЕ РОДИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Религија

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година.

ДЕНЕСКА Е ВАСИЛИЦА- Кој ќе ја најде парата ќе има среќа цела година: Обичаи, песни и верувања

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот...

На третиот ден од празникот Божиќ светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан

Денеска е Свети Стефан, заштитник на болните, старите и сиромашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божиќ го празнуваат Свети архиѓакон...