Откажани настапи, јавен линч, но и поддршка од блиски пријатели. Зад поп ѕвездата Тамара Тодевска остана турбулентен период кој веруваме дека никогаш нема да го заборави.

Објавил: Перо Милчин | 17 септември, 2019 16:29

ХУМАНИОТ БОКИ 13 ЈА ИЗВИСИ ТАМАРА: Од ветените 10 илјади евра за Евровизија ни трага ни глас!

Фото/Текст извор: ©фокус

Од Евровизиска ѕвезда која и донесе историски успех на нашата земја на престижниот музички натпревар, до, за многу кратко време личност буквално распната на крст од поголемиот дел од јавноста, по интонирањето на националната химна во американската амбасада по повод прославата за 4-ти јули, при кое како што тврди, ненамерно го изоставила стихот со Делчев, Питу и Сандански.

Откажани настапи, јавен линч, но и поддршка од блиски пријатели. Зад поп ѕвездата Тамара Тодевска остана турбулентен период кој веруваме дека никогаш нема да го заборави.

По паузата од јавни настапи долга повеќе од два месеци, вечерва таа им се враќа на настапите.
Жената со моќен вокал, која растеше на сцената под лупа на јавноста, откако за прв пат се појави на естрадата како шест- годишно девојче заедно со Маријана и Росана на фестивалот ,,Макфест”, ќе пее во Скопје, на Камениот мост во склоп на манифестацијата ,,Звуците на чаршијата”.

За ,,Фокус” раскажува за бурниот период низ кој што минувала периодов, за љубовта и поддршката од семејството, за искуството од Евровизија, но и за тоа што се случило со донацијата од менаџментот на 1ТВ која ја доби веднаш по враќањето од Израел.

По скандалот со интонирањето на македонската химна Тамара повторно се враќа на сцената.

Фокус: Од Евровизиска ѕвезда која и донесе огромен успех на нашата земја, за кратко време стана мета на напади, поради како што самата појасни, ненамерната грешка при интонирањето на химната. Колку и како сето тоа ти влијаеше, таа ,,хајка” на социјалните мрежи, напади, навреди?

Тамара: Верувам дека во животот ние самите сме си одговорни за работите што ни се случуваат. Знам дека направив голема грешка и навистина ми е жал за се што се случи. Не велам дека ми беше лесно тие неколку денови, но од друга страна јас знам која сум, знам што сум и знам во што верувам и ниеден лош коментар или навреда тоа нема да го промени. Македонија е мојата татковина. Земјата која ме направи појака, похрабра, помудра. Земјата во која растат моите деца и земјата со која се гордеам. Се во животот е лекција, а јас ја научив мојата.

Фокус: Ги откажа настапите во Прилеп и Охрид поради тогашната ситуација, дали во одредени моменти помислуваше дури и да ставиш крај на музичката кариера?

Тамара: Одлуката да ги откажам концертите не беше лесна бидејќи преку нив сакав да им се заблагодарам на сите Mакедонци и на моите фанови за огромната поддршка. Тешките моменти вo животот не прават цврсти и посилни и ова искуство само уште повеќе ме направи решителна во остварувањето на моите професионални планови. Успехот на Евровизија е само почетокот и мал ,,тизер” на она што допрва ќе следува.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк: https://fokus.mk/intervju-so-tamara-todevska-donatsijata-od-10-000-evra-od-boki-13-nikogash-ne-beshe-realizirana/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

-Кога го испраќавме татко ми во операционата сала, тој беше преплашен, целата таа ситуација беше многу емотивна.

СРЦЕТО НА ЕМИЛИЈА СЕГА ЧУКА ВО ИВАН: Ова е човекот кој ја издржа првата трансплантација на срце во Македонија!

 -Се ни е како во сон, уште не можеме да сфатиме дека ова навистина се случува. Настаните...

Салата беше полна и нормално дека имаше позитивни реакции. Прво неколку секунди сите молчеа, а потоа се слушна ракоплескање, воодушевување, а имаше и по некоја солза.

Интервју со проф.д-р Сашко Јовев, кој ја водеше првата трансплантација на срце во земјава: Имаше солзи, почекавме неколку минути и ракоплескавме!

Кога сѐ беше завршено требаше да почекаме неколку моменти за да зачука срцето. Реагиравме...

Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР - конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува.

МАНЧЕВСКИ: Оваа Влада добро се справи со Ковид 19!

Министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во вечерашното...

Веста за смртта на популарниот и како што многумина го нарекуваа, ТВ водител со најдолг стаж пред малите екрани, одекна не само во земјава, туку и во целиот регион.

Мартин Вучиќ со емотивна порака за своите родители: Вие сте патоказ низ животните предизвици!

Сопругата на нашето познато тв лице Драган Вучиќ кој неодамна ја загуби битката со...