Дестани ден по земјотресот заминал во Драч да се увери во штетата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2019 13:17

ХУМАНОСТ: Газдата на Шкендија донирал 3 милиони евра за погодените во Драч

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Албанските медиуми пишуваат дека семејството на газдата на ФК Шкендија, Лазим Дестани, донирало околу 3.000.000 евра, за настраданите и погодените од земјотресот во Албанија.

Дестани ден по земјотресот заминал во Драч да се увери во штетата.

Албанскиот премиер на вчерашната владина седница рече дека се прекинати потрагата и спасувачките операции по преживеаните од земјотресот, додавајќи оти бројот на жртвите од катастрофалниот земјотрес се искачи на 50. 

Албанската влада донесе одлука со која на семејствата кои изгубија членови да им додели по еден милион леки (околу 8.500 евра), а ќе ги покрие и трошоците за погреб.

Еди Рама им се заблагодари на екипите за потрага и спасување кои дојдоа во Албанија од повеќе земји.

Сакам да им се заблагодарам на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од надвор. Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од под урнатините. Но, ова не ја намали работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но ним им се потребни специјални средства, рече премиерот.

ФК Шкендија е фудбалски клуб од Тетово, Македонија, создаден на 27 август 1979 година. Моментално игра во Првата македонска фудбалска лига. Своите натпревари ги игра на Градскиот стадион во Тетово. Клубот е освојувач на Првата лига во сезоните 2010/11, 2017/2018 и 2018/2019, и на Купот на Македонија во 2015/16 и 2017/18.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Обединетите Нации (ОН) предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи „залихите се погодени од појава што се случува еднаш во генерација“.

Светот има залихи на пченица само за уште 10 недели

Светот има залихи на пченица за уште само 10 недели, што е последица на руската инвазија...

Случаите се регистрирани во вкупно 12 држави. Првиот случај е потврден во Англија на 7 мај, а во последните две недели е раширен и во останатите 12 земји.

СЗО: Потврдени 80 случаи на мајмунски сипаници во светот, еве во кои земји се регистрирани

Светската здравствена организација потврди дека со вирусот на мајмунски сипаници,...

Говорејќи на самитот за храна во Њујорк, Гутереш апелираше до Русија да ја укине блокадата на Црното Море, која ги спречува испораките на украинско жито на прекуокеанските пазари.

Кризата со храна може да трае со години, вели шефот на ОН

Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш предупреди дека недостигот...