Сметката ќе ја плати едно гостиварско семејство кое не сака публицитет.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 април, 2020 16:02

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: За Рамазан во Гостивар ќе има бесплатен леб за секое сиромашно семејство!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од денеска во три пекари во Гостивар ќе се дели бесплатен леб за сиромашните и социјално загрозените семејства.

Сметката ќе ја плати едно гостиварско семејство кое не сака публицитет.

Во разговорот со нив тие замолија да не се објавуваат детали за нив, туку само да се објават имињата на пекарите. Тие се повеќе од религиски мотиви и нагласувајќи дека никој не треба да остане гладен во ова време.

– За да биде реализирана во целост оваа акција треба да се исполни само еден предуслов, а тоа е да се изврши претходна нарачка. На тој начин пекарите ќе можат да ја подготват планираната количина на леб за тековниот ден, рекоа од семејството.

Бесплатен леб може да се подигне во пекарите „Кај Аџијата” (Те Хаџи), во населбата Леска, „Европа” по булеварот „Браќа Ѓиноски” и „Бел Дрим” (Дрни Бард) по улицата „ЈНА”.

Ова гостиварско семејство напомена дека нема ограничување на количините, туку едноставно, како што рекоа, да си земе секој колку му треба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...