Ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните можности

Објавил: Перо Милчин | 3 април, 2020 15:01

ВРЕМЕ ЗА СОЛИДАРНОСТ: Белески ги повикува сите кои се во можност да донираат за медицинскиот пероснал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со помош на одделни членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското друштво МАКЕДОНИЈА од ШВАЈЦАРИЈА кое донираше дури 1000 Франци, македонскиот активист, Васко Белески се погрижи, наскоро до болниците во Македонија да стигнат 3000 маски од типот KN95, кои во моментов се скоро недостапни.

Запрашан за тоа што најмногу го мотивира, да организира една ваква хумана донација, тој вели дека  љубовта кон македонскиот народ и земја се безгранични и дека со оваа организација сака да ги мотивира и поттикне нашинците кои се низ светот да започнат една ваква хумана акција, која несебично ќе помогне во вакви моменти кога целиот свет се бори со пандемијата корона вирус, но секако и македонските познати лица , како музичари, спортисти и други.

Пред само една недела им беше доставена медицинска облека на една Охридска Болница бидејки нажалост во спротивност од оан што го тврди власта, тие работат во минимални услови и се снаогаат кој како што знае.

Но ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните средства.

Првите медицински 3000 маски КN95 FFP3 на пат за Македонија со љубов кон нашите најхрабри војници докторите, сестрите и целиот медицински персонал.(сликава само што ја добив од Кина) Пријатели ајде приклучете се и бидете дел од акцијата “Спаси доктор за тој да спаси живот”, објави на социјалните мрежи Васко Белески.

Почитувани,

Светот а со тоа и Македонија се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД 19 или наречена КОРОНА.

Нажалост Македонските доктори и медицинскиот персонал не се добро опремени и под итно им се потребни заштитни маски од типот KN95 FFP3 кои се едни од единствените кои заштитуваат од овој опасен вирус, како и заштитна стерилна облека.

Многу е важно да ги заштитиме прво нашите ДОКТОРИ и целиот медицински персонал за тие после да можат да ги лекуваат инфицираните пациенти. Без здрави Доктори и медицински персонал ќе ја изгубиме битката уште пред време!!!

За таа цел ја стартуваме оваа кампања за набавка на овој вид на заштитни маски а по потреба ќе бидат набавени и други потребни заштитни средства или инструменти, НО во овој момент е ова приоритет.

Се очекува бранот на заразата во Македонија да дојде токму кон средина на Април 2020, ако собереме доволно средства втората транша на маски, визири или заштитна облека може да се набави во рок од 8 дена од Кина.

Ситуацијата е алармантна и ВЕ МОЛАМ драги пријатели да помогнеме сите заедно, да ги заштитиме нашите доктори и медицински персонал -БИДЕТЕ СОЛИДАРНИ

Кампањата е транспарента и сите дарители на крај ќе добијат признаница.

Со почит Васко Белески

АКО СТЕ ВО МОЖНОСТ ДОНИРАЈТЕ НА ОВОЈ ЛИНК

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Напомена дека мерката карантин била неопходна з анамалување на бројот на заразени з авреме на продолжениот викенд а воедно и посочи дека од понеделник можно е да нема рестриктивни мерки.

Филипче: Нема да се тестираат лицата кои биле надвор од Скопје овој викенд

На денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче истакна дека...

Којзнае, можеби Комисијата за заштита од заразни болести и Владата развиваат и друга експертиза, за управување со кризи предизвикани од природни непогоди.

Силјановска-Давкова: Воведоа мерки како да не очекува ураган и тоа најчесто за викенди!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова, која беше и кандидат за претседател предложен...

Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

АЛИ АХМЕТИ: Време е за првиот премиер Албанец во Македонија!

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук...

Според Пановски пикот на заразата допрва доаѓа. Вели новодијагностицираните пациенти се последица на непочитување на мерките во одделни скопски населби и додава оти држава која не може да си ја контролира целата територија не може да се справи ниту со епидемија.

Пановски: Држава која не може да ја контролира целата територија не може да се справи со епидемија

Откако вчера на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат колони...