Мизрахи додаде дека законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

Објавил: Владо Марин | 6 јули, 2021 6:26

Поднесовме интерпелација на Џафери бидејќи го прекрши Уставот, Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците, рече Мизрахи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поднесена е денеска интерпелацијата на господинот Талат Џафери кој што на 28-ми јуни оваа година како претседател на Собранието, значи на собир на претседатели на Собрание, службено не приватно, се појави пред Комитетот за надворешни работи при ЕП и таму говореше на албански јазик.

Во самата интерпелација се повикуваме на кршење на Уставот на Република Македонија преку фамозниот амандман 5. Кој што вели вака – „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“.

Овдека беше прекршен Уставот, меѓутоа исто така и два закони и тоа е Законот за употреба на македонскиот јазик, како и Законот за јазиците, сам по себе, кој што строго дефинираат дека во меѓународните односи ние комуницираме на македонски јазик користејќи го кирилското писмо“,рече Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Мизрахи додаде дека законите строго дефинираат дека на територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи исклучиво се говори на македонски јазик и се користи кирилско писмо.

„Доколку зборуваме за Законот за јазиците исто така ако се погледне членот 2 вели – „Македонскиот јазик е духовно богатство со посебно културно историско значење на Републиката употребата на македонскиот јазик како службен јазик е право и должност на граѓаните на Република Македонија“. И согласно сите три документи е поднесена оваа интерпелација и ќе видиме како истата ќе се одвива“, појасни Мизрахи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Според Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини, додавајќи дека се виде капацитетот на власта во однос на реализација на проекти, афери, скандали и лоша економска политика.

Димовски: ВМРО-ДПМНЕ ќе издвои значителна победа во Град Скопје и скопските општини

Во вчерашното гостување во Тема на денот во Централниот дневник на Сител поранешниот...

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска, со која подолго време е во љубовна врска. Алачки беше во брак со пејачката Адријана, со која имаат две деца

Алачки постана политичар: Од хармоникаш до желба за градоначалник на Берово

Познатиот хармоникаш Горан Алачки ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово...

„Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува сигурен со Заев“, вели Николоски.

Николоски: Оставки во оваа влада ќе нема тие се мафија, ама ќе паднат по изборите

Ќе бев изненаден да си заминеше од функцијата, навистина, Венко Филипче, тој стана моторџија...

Симовски вели дека никаков политички субјект не вршел притисок врз нив како да се спроведе пописот.

СИМОВСКИ ЗА ТВ 24: НИКАКОВ ПОЛИТИЧКИ СУБЈЕКТ НЕ ВРШЕШЕ ПРИТИСОК ВРЗ НАС КАКО ДА СЕ СПРОВЕДЕ ПОПИСОТ

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа...