Имаме надеж дека и во однос на нашата црква ќе се оствари ветувањето, со што ќе се исцели уште една рана во православниот свет. Неслучајно Вселенскиот патријарх го одбра името „Православна Црква во Украина"

Објавил: Данаил Михајловски | 16 јануари, 2019 14:29

Цариград се спрема да ја признае православната Црква на Северна Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин

Најавата од Вселенскиот патријарх Вартоломеј дека ја презема одговорноста за црковното прашање на МПЦ, дава надеж дека ќе се исцели уште една голема рана во православниот свет, вели архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Во тој контекст ги става и помошта од Бугарската православна црква, како и скорешното признавање на самостојноста на Православната црква на Украина.

Во интервјуто за “Битолски Весник“ отец Партениј вели: Тука би го истакнал и последниот случај со Црквата во Украина. Тоа ни дава надеж да веруваме дека и во однос на нашата црква ќе се оствари ветувањето, со што ќе се исцели уште една рана во православниот свет. Неслучајно Вселенскиот патријарх го одбра името „Православна Црква во Украина”, наспроти „Украинска Црква’, што покажува дека е решен силно да се спротивстави на ереста етнофилетизам.

Оваа паралела со Православна Црква на Украина упатува на заклучокот дека името на државата, а не името на нацијата ќе биде и моделот за признавањето на нашата црква која од Патријаршијата во Цариград би била признаена како “Православна Црква на Северна Македонија“!

“Се надеваме дека сите цркви ќе се поучат од ова, зашто една помесна, автокефална црква не припаѓа само на еден народ, туку на сите православни кои живеат во нејзината јуриздикција, без разлика на националноста. За жал, гледаме како СПЦ упорно стои на својот став дека треба да ги има под контрола териториите на некогашна Југославија, каде што ширеше српство наместо Христијанство, нешто што очигледно, според духовните закони, им се враќа и удира од глава“, истакнува отецот Партениј.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...

Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во тек подготовките за изборите, од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните...

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

ОЈО: НАЛОГ ЗА ГАРДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во...