Ново раководство

Објавил: Калина Мартинска | 1 август, 2024 13:19

Царинската управа со рекордна месечна наплата – во јули наплатила приходи од скоро 12 милијарди денари

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина, наведува Николовски

Царинската управа минатиот месец наплатила вкупни приходи од 11,9 милијарди денари, што е највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од нејзиното постоење.

Директорот Бобан Николовски во допис до медиумите истакнува дека уште на првиот ден од неговото назначување на раководната функција ветил, како што вели, „испорака на видливи и брзи резултати“.

-Оваа порака ја споделив со сите вработени во Царинската управа и побарав максимален ангажман од нивна страна и професионализам на сите нивоа. Првите резултати ги гледаме денес, кога бележиме рекордно највисок износ на наплатени приходи реализирани на месечно ниво од постоењето на Царинската управа. Овој резултат нека биде мотив за сите царински службеници за уште поголеми напори за подобри резултати во сите сфери на царинското работење и во иднина, наведува Николовски.

Царинската управа во соопштението посочува дека останува фокусирана на преземање мерки и активности во насока на зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки.

-Тоа ќе резултира со подобрување на состојбата на буџетот на државата, а со тоа и подобрување на животниот стандард на граѓаните, наведува во соопштението.

Toшковски: Претрес во Скопје, пронајдени над 140 паковки со дрога, одреден притвор

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести