Во една недела извршени 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај
Во четири случаи утврдени неправилности во делот на лиценците.
За три случаи откриени на граничните премини Ново Село и Богородица, во моментов се води предкривична постапка од страна на Секторот за контрола и истраги, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело фалсификување на исправа или вршење јавен превоз без поседување лиценца казниво по Кривичниот законик.
За еден случај откриен на царинска испостава Блаце на излез од државата правното и физичкото лице се казнети од страна на Државниот инспекторат за транспорт заради прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
Во 69 случаи камионите се вратени назад поради утврдени неправилности во делот на серфитикатите за професионална компетентност на возач.
Изминатиот месец Секторот за контрола и истраги поднесе три кривични пријави до ОЈО Гевгелија заради фалсификување лиценци за вршење превоз на стока во меѓународен патен сообраќај.
You must be logged in to post a comment.