Царовска истакна дека МОН продолжува да работи на враќање на достоинството на наставниците, мотивирање и вреднување на нивниот труд.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 15:47

Царовска: Буџетот за 2021 насочен за реформи во образованието и двојно повеќе капитални инвестиции

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес го презентираше граѓанскиот буџет за идната 2021 година, проектиран на 23,1 милијарда денари. Царовска рече дека во новиот буџет многу јасно се одразени развојните политики и заложби за создавање образование кое му овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал.

„Децата кои се сега дел од образовниот процес се генерациите кои треба да го носат ова општество напред. Училиштата треба да ги подготват за работни места што сè уште не се создадени, за технологии што сè уште не се измислени, за решавање на проблемите кои сè уште не се предвидени. Токму ние се соочуваме со одговорноста, но и обврската да создадеме нови можности за нашите деца и млади, за подготвено да ја дочекаат иднината. Затоа овој буџет е креиран според реалните потреби на образованието и во насока на реформите кон кои се стремиме“, рече Царовска.

Царовска истакна дека вкупниот Буџет на МОН е поголем за 1,1 милијарда денари во однос на минатата 2020 година, а најголемиот дел од парите се насочени директно кон граѓаните – кон подобрување на образовниот систем и условите во коишто се одржува наставата.

Издвоивме околу 1 милијарда денари за капитални инвестиции – што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со овие средства ќе овозможиме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Ќе реконструираме основни и средни училишта секаде низ државата, ќе градиме спортски сали и ќе продолжиме со реконструкциите на студентските домови и јавните установи за високо образование“, рече Царовска.

Во интерес на инклузивното образование министерката најави и новина за условите за добивање буџетски пари за изградба и реконструкција на училиштата.

„За првпат еден од основните критериуми на конкурсот за капиталните инвестиции е токму  пристапноста. Главниот услов да поддржиме одреден проект како Министерство ќе биде објектот да е лесно пристапен за лица со попреченост. Овој критериум го воведовме на последниот конкурс и продолжуваме да го применуваме во иднина“, рече Царовска.

Во делот на капиталните инвестиции предвидена е и целосна адаптација на 3 регионални центри за средно стручно образование во Охрид, Тетово и Куманово. Со воспоставувањето на овие регионални центри даваме сосема нова димензија на средното стручно образование. Ги поттикнуваме младите да се стекнат со вештини потребни на пазарот на трудот, преку кои ќе дојдат до поквалитетни работни места.

„Но, инвестирањето во објекти само по себе не е доволно, ако не е проследено со суштински реформи во самиот образовен системИнтензивно работиме на реформи во основното и средното. Развиваме целосно нов концепт на наставни програми и наставни материјали. Го напуштаме традиционалниот начин на фактографско учење и преминуваме на образование кое создава граѓани што размислуваат критички и логички и носат заклучоци врз основа на факти, докази и анализи“, рече Царовска.

Она што е многу важно за првпат Министерството за образование издвојува 54 милиони денари за ангажирање на образовни асистенти. „Овозможуваме да секое дете го развие својот потенцијал преку креирање на инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на сите ученици“, рече Царовска.Министерката најави целосно нова динамика односно редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии од декември.

„Со 900 милиони денари за стипендии за ученици и студенти и за започнување исплата на бесплатен студентски оброк го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50 илјади млади лица“, рече Царовска.

Царовска истакна дека МОН продолжува да работи на враќање на достоинството на наставниците, мотивирање и вреднување на нивниот труд.

„Ги зголемуваме блок дотации за основно и средно образование и обезбедуваме дополнителни 122 милиони денари. Во 2021 година е планирана и исплата на минат труд во високото образование – законска обврска која со години не се реализирала. Со ова решение покажуваме дека високото образование ни е важен приоритет“, рече Царовска!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги интензивира и продолжува дебатите за новата концепција за да ги слушне предлозите и сугестиите во однос на реформата. Исто така, коментарите и предлозите можат да се достават до 20 јануари по електронска пошта!

Општините како основачи на училиштата, ќе бидат вклучени во подготовките и имплементација на целата реформа

Министерката за образование и наука Мила Царовска и членови на работната група...

Концепцијата е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред околу една година и е дел од владината програма.

Царовска на дебата со професорите по уметностите: Не брзаме, туку доцниме со реформите во образованието

Министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Бирото за развој...

Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година можат да напредуваат во соодветното звање.

За прв пат во образованието се воведува кариререн напредок на наставниците кој подразбира стекнување дополнителен личен доход

Со почетокот на календарската 2021 година за прв пат во Република Македонија започнува...

Повеќе нема доцнењена исплатата, односно на префрлање на средствата на сметките на корисниците како што се случуваше во минатото.

Целосно променет начин и забрзана динамика на исплата на ученичките и студентските стипендии

Во последниот квартал на 2020 година, Министерството за образование и наука изврши...