МОН инвестира над 50 милиони денари во уште две училишта во Ѓорче Петров, а веќе е пуштена во употреба и нова спортска сала во оваа општина.

Објавил: Владо Марин | 17 јули, 2021 10:09

Царовска: Вложуваме во квалитетни наставни програми и подобри услови во училиштата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Средното училиште „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров добива нова, енергетски ефикасна фасада. Mинистерката за образование и наука Мила Царовска, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски вчера го посетија училиштето каде започнува целосната реконструкција, која опфаќа и реконструкција на покривот и на надворешната столарија, со поддршка на градот Скопје.

Нашите заложби како Влада се да инвестираме во современо и квалитетно образование, за што, покрај вложувањата во нови наставни програми забрзано работиме и на подобрување на условите во училиштата и унапредување на наставниот кадар. Според податоците кои ги добив, станува збор за инвестиција вредна над 52 милиони денари, без притоа Градот Скопје да се задолжува кај комерцијалните банки, туку е направена пренамена на средства од проект ‘Скопје 2014’,” рече Царовска.

Министерството за образование и наука, потенцираше министерката, ги поддржува единиците на локалната самоуправа во изнаоѓањето средства и начини за реновирање и реконструкции на образовната инфраструктура, при што потсети дека МОН има објавено Јавен повик за доставување апликации за финансирање на проекти за реновирање на училишните објекти.

МОН инвестира над 50 милиони денари во уште две училишта во Ѓорче Петров, а веќе е пуштена во употреба и нова спортска сала во оваа општина.

За оваа календарска година обезбедени се околу 1 милијарда денари за капитални инвестиции – што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со овие средства ќе се овозможи поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Ќе се реконструираат основни и средни училишта секаде низ државата, ќе се градат спортски сали, а ќе продолжи и реконструкцијата на студентските домови и јавните установи за високо образование.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.