Средните стручни училишта низ градовите конечно треба да станат места кадешто ќе се креира квалитетен стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места кадешто учениците може да очекуваат вработување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2021 16:50

Царовска: Го приближуваме средното стручно на потребите на компаниите, заедно креираме профили

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжуваат консултациите на Министерството за образование и наука со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата, од идната учебна година. Денеска во Велес, министерката за образование и наука Мила Царовска имаше работна средба со  градоначалникот Аце Коцевски и претставници на локалните компании, во рамки на процесот за дизајнирање на наставни програми и уписни политики во средните стручни училишта прилагодени на потребите на компаниите. 

„Важно е да ги усогласиме барањата на реалниот сектор со профилите за кои ќе се образуваат учениците во средните стручни училишта. Разговорите со градоначалниците и со компаниите ќе резултираат со отворање на идентификуваните профили и паралелки од идната учебна година.

Како Министерство за образование и наука ќе го поттикнеме изборот на учениците на бараните занимања и со новините во стипендирањето, затоа што тоа е не само во интерес на бизнисот туку и во интерес на младите луѓе, преку поголема вработливост“, рече министерката Царовска. 

Анализата на Министерството за образование и наука, во која учествуваа 450 компании, покажа дека дури 85 % се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање на стручен и квалитетен кадар.

Ако се создаде силна врска меѓу учениците и компаниите, добиваат сите, и младите луѓе и компаниите. За нас како општина е важно што на тој начин истовремено се поттикнува и локалниот развој“, посочи градоначалникот Коцевски.  

Средните стручни училишта низ градовите конечно треба да станат места кадешто ќе се креира квалитетен стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места кадешто учениците може да очекуваат вработување.

Социјалниот дијалог за идентификување на потребите на компаниите се одвива под мотото „Учи паметно, работи стручно“. Министерството за образование и наука за реализација на процесот соработува и има поддршка од Амбасадата на Швајцарија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...