– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој извесувал за тоа оти таква информација има од МТСП.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 септември, 2019 9:38

ЦАРОВСКА: „Дезинформации се дека вработените пред пензија ќе имаат скратено работно време„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за возрасните работници без притоа да имаат намалување на платата, односно жените работнички со навршени 60 години старост, а мажите со 62 да работат шест часа, а да ја задржуваат целата плата до пензија.

Царовска вели дека во моментов работат неколку работни групи со сите засегнати страни, имаат можност да учествуваат и да даваат предлози и размислувања. Таа вели дека кога ќе биде изработен овој закон, ќе има јавна дебата, и дури потоа ќе биде донесен.

– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој известувал за тоа оти таква информација има од МТСП. Донесувањето на законот за работни односи се врши на транспарентен начин.

Во моментов работат неколку работни групи со сите засегнати страни, имаат можност да учествуваат и да даваат предлози и размислувања.

Кога тој ќе биде на некој начин усогласен помеѓу сите засегнати страни и ќе го испочитуваме процесот на носење на закон преку социјален дијалог за тоа ќе биде известена и јавноста, рече Царовска.

Пензискиот систем се стабилизира, а дупката во пензискиот столб е се помала изјави министерската за труд и социјална политика Мила Царовска.

Пензионерите не треба да стравуваат за сигурноста на своите примања бидејки во континуитети имало покачување на пензиите кои од првичните 13200 денари сега достигнале до 14600 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Имено, според официјалниот документ од Управата за јавни приходи, фирмата Еленица која е во сопственост на Трајче Заев има неподмирени долгови спрема државата во вредност од 9. 959. 869 денари по основ на данок на додадена вредност како и по основ на данок на добивка.

Вице и Трајче Заеви и должат на државата над 26 милиони денари

Според најновата црна листа на должници која ја објави Управата за јавни приходи на...

Премиерот додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

Конечно и кај нас ќе поевтини зелениот картон!?

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при...

Немаме намера, посочи, да правиме паралелен процес од ЕУ и нашето место, на сите шест земји од Западен Балкан е безалтернативно во ЕУ и нема дилеми.

ЗОРАН ЗАЕВ: “НЕМА ДИЛЕМИ- нашата татковина е на вистинскиот, на правиот пат”

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово...