Македонија
Вести
Откако вчера Мухамед Зекири јавно обелодени дека тој и неговото семејство се заболеи од Ковид-19, утринава вицепремиерката Мила Царовска ја извести јавноста дека поради контакт со него таа од денеска е во самоизолација со цел да ги заштити најблиските.

Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца. Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома.
На семејството Зекири му посакувам брзо и успешно оздравување и закрепнување, како и на сите останати граѓани кои се борат со коронавирусот, напиша Царовска.
Освен Царовска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оди во самоизолација откако остварил контакт со Зекири.
„На средбата беа применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитуваме“, објави Манчевски на фејсбук.
Состанок со заболениот Зекири остварил и советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец, кој исто така замина во самоизолација.
„Со Зекири бев на состанок одржан во четвртокот попладне, на 1,5 м растојание, со заштитна маска и со соодветна дезинфекција пред и после состанокот. Секако, заради избегнување и најмал ризик, ќе ја спроведам препорачаната самоизолација. Немам никакви симптоми, а ќе се тестирам во текот на неделата“, напиша Забрчанец на фејсбук.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.