Училиштата се информирани за протоколите за заштита од Ковид 19, а наставниците постапуваат согласно новата Концепција за основно образование и новите наставни планови и програми за прво и четврто одделение.

Објавил: Сара Фемина | 14 септември, 2021 13:57

Царовска: Над 80 милиони денари инвестиции во училиштата во Ѓорче, квалитетот на наставата се унапредува

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од посетите кои ги направив во изминатите денови во поголем број училишта низ државата, можам да кажам дека моите очекувања околу безбедноста на наставата и имплементацијата на промените кои ги креиравме пред почетокот на годината, а кои треба да обезбедат поинтересно и поквалитетно образование за младите, се исполнети.

Училиштата се информирани за протоколите за заштита од Ковид 19, а наставниците постапуваат согласно новата Концепција за основно образование и новите наставни планови и програми за прво и четврто одделение.

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на денешната посета на централниот објект на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров, каде заедно со градоначалникот Александар Наумовски извршија увид во училишните услови и во текот на наставата. 

Училиштето е добро опремено, ги има сите неопходни нагледни средства, интерактивни табли. На учениците од четврто одделение кои доаѓаат од семејства со пониски примања им се обезбедени ИТ уреди за да можат да ги искористат придобивките кои ги нудат дигиталните материјали за учење. А обезбеден е и одреден број комплети на печатени учебници за 4-то одделение за оние дечиња кои немаа можност да ги користат доделените таблети. Навреме се доставени и печатените учебници за сите останати одделенија“, рече Царовска, апелирајќи на почитување на здравствените протоколи.

Министерката рече дека наставниците во училиштето доследно ја применуваат новата Концепција за основно образование со која се очекува наставата да стане повеќе интерактивна, фактографското учење се заменува со учење со разбирање и се поттикнува креативноста и критичкото размислување кај децата, а како што рече, за прв пат се следат поставени национални стандарди базирани на компетенции кои учениците треба да ги стекнуваат и совладуваат тековно за време на деветолетката.

„Од информациите кои ги добив од раководството на општината, добра е ситуацијата и во останатите училишта и училишни објекти, каде наставата се одвива во најдобар ред, наставниците се добро подготвени, обучени за новините, а условите се солидни благодарение на локалната самоуправа која во изминатиот период се заложи и навистина доста вложи во набавката на опрема во интерес на едукацијата на учениците и на подобрување на условите за работа на наставниците“, рече Царовска додавајќи дека за тоа, општината има целосна поддршка од МОН и таа ќе се интензивира уште повеќе во следниот период, затоа што, како што рече, подобрувањето на образовниот систем е наша заедничка обврска и одговорност. 

„Во оваа насока, сакам да информирам дека и МОН годинава инвестира над 80 милиони денари во три училишни објекти и во изградба на една спортска сала тука во Ѓорче. Едниот е подрачниот на „Димитар Беровски“ во Хром каде се работи на изградба на крило, а ново крило се гради и во склоп на објектот на „Тихомир Милошевски“ во Волково. Двете инвестиции се почнати на почетокот на годината, а рокот за изведба е 20 месеци. Исто така, неодамна е пуштена во употреба спортска сала во состав на основното училиште „Јоаким Крчовски“, а извршена е и рехабилитација на кровот на училиштето „Ѓорче Петров“, информираше Царовска. 

Министерката потенцираше дека МОН и Владата имаат за цел и да ја унапредат и инклузивноста на образовниот систем, за што, оваа година се вработени 500 образовни асистенти за кои државата издвои 53 милиони денари. Царовска рече дека 13 од образовните асистенти се ангажирани во училиштата во општина Ѓорче Петров. Дополнително, како што нагласи, училишните објекти добиваат и пристапни рампи и лифтови за ученици со посебни потреби. 

Осврнувајќи се на ефектите од планот за реформи на образованието кој започна со имплементација оваа учебна година, министерката рече дека очекува за 5-6 години образовниот систем да биде значително модернизиран и да создава поподготвени генерации со чии резултати и постигања, особено на меѓународните натпревари како ПИСА и ТИМСС државата ќе се гордее. 

Во меѓувреме, очекувам учебната година да продолжи да се одвива во најдобар ред и да ја одржиме наставата со физичко присуство како најдобра опција за учениците. А тоа ќе го постигнеме, само доколку сме сите подеднакво одговорни кон себе, кон личното здравје и придонесуваме кон заштита на здравјето на другите околу нас со почитување на здравствените протоколи и сите други мерки кои се на сила во врска со справувањето со пандемијата“, истакна Царовска. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани...

Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк...

Министерката истакна дека на обуките кои се наменети за образовните асистенти и кои се интензивираат во следните неколку денови, од обучени тренери тие ќе добијат подетални насоки околу начинот на кој треба да постапуваат и околу тековните обврски што ќе бидат дел од описот на нивното работно место.

Царовска: Од септември учениците со попреченост добиваат системска поддршка од државата, ангажирани се 500 образовни асистенти

Од први септември во образовниот систем за првпат од страна на државата ќе бидат ангажирани...