„Од идната недела 324.000 пензионери ќе земат пензии повисоки за 722 денари. Зголемувањето го правиме откако го стабилизиравме пензискиот систем со пензиската реформа и за една година успеавме да го намалиме дефицитот за над 3,7 милијарди денари.

Објавил: Перо Милчин | 1 февруари, 2020 13:23

Царовска: Од понеделник зголемување на пензиите за 722 денари – Фондот е во добра кондиција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија Мила Царовска, директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајакова, на прес-конференција соопштија дека од понеделник започнува исплатата на зголемените пензии за сите пензионери во државава.

Царовска вели дека зголемувањето на пензиите се прави плански и во услови кога Фондот е во добра кондиција.

Таа истакна дека оваа Влада освен што вистински се грижи за сегашните, води сметка и за идните пензионери. За оваа година, за новата мерка субвенционирање на придонеси во зголемување на плата, обезбедиле 2,4 милијарди денари.

Царовска истакна дека изминатиот период силно се работеше на намалување на сиромаштијата. 

Овие средства ќе се слеат во фондовите на име придонеси и со тоа уште еднаш потврдуваме дека работиме чесно и одговорно, рече Царовска.

„Од идната недела 324.000 пензионери ќе земат пензии повисоки за 722 денари. Зголемувањето го правиме откако го стабилизиравме пензискиот систем со пензиската реформа и за една година успеавме да го намалиме дефицитот за над 3,7 милијарди денари.

Навистина ми е драго што со ова зголемување успеавме да одговориме на барањата на пензионерите, односно дополнителното трето усогласување на пензиите, освен според економскиот раст од над 4 проценти да се прави и кога имаме годишен раст на минималната плата над 15 % и раст од 5 % на просечната плата.

Со ова зголемување и дополнителните усогласувања до крајот на годинава просечната пензија очекуваме да се зголеми на 15.500 денари, што е вкупен раст од 1.746 денари за три години“, истакна Царовска.

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска, вчера се сретна со граѓаните на Крива Паланка и Ранковци. Тема на разговор беа мерките што Владата предводена од СДСМ ги спроведува во интерес на граѓаните и следните предизвици.

„Навистина сум среќна што од идната недела секој пензионер во државата ќе добие зголемена пензија од 700 денари. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец, што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни приближно 9.000 денари на своите сметки“, рече Царовска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Пакетот вклучува ненаменски потрошувачки кредит, дозволено пречекорување на трансакциска сметка и кредитна картичка.

НЕДЕЛА НА ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТИ: Анализа на потрошувачки кредит на Централна

Ви го претставуваме кредитниот пакет “Доверба” на Централна кооперативна банка...

Според Анѓушев, кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата од финансиската криза пред 10-ина години.

АНЃУШЕВ: Коронавирусот донесе поголема криза од онаа пред 10-тина години!

Во емисијата Клик плус на ТВ 21, поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев...