МОН сериозно се подготвува за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија со што ќе се обезбеди континуитет во учењето, но и заштита на здравјето.

Објавил: Владо Марин | 28 јуни, 2021 16:06

Царовска: Се подготвуваме сите ученици од септември да се вратат во училиште

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за образование и наука подготви три сценарија за старт на учебната година од први септември кои заедно со протоколите денеска беа презентирани на Главниот координативен кризен штаб.

МОН сериозно се подготвува за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија со што ќе се обезбеди континуитет во учењето, но и заштита на здравјето.

Министерството за образование и наука е подготвено за спроведување на сите три сценарија, но очекуваме да почнеме со првото сценарио. Сите во Владата сме согласни дека најдобро е сите ученици од први септември да се вратат во училишните клупи под протоколите за заштита од КОВИД-19. Ова е првото и најпосакуваното сценарио, но сепак неговата примена ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заразни болести”, рече министерката за образование и наука Мила Царовска.

Второто сценарио, рече министерката е да се оди со хибридниот модел со којшто имавме успешна реализација на наставата во учебната 2020/21 година.

Планот е со физичко присуство настава да следат учениците од 1-4 одделение, додека останатите ученици наставата да ја следат на далечина. Третото сценарио пак предвидува враќање на сите ученици во училиштата под здравствени протоколи со ротација на присуството на учениците на една недела.

Министерката Царовска потсети дека минатата учебна година која се одвиваше со онлајн настава, настава со физичко присуство од 1-3 одделение и следење часови на националната телевизија заврши успешно според распоредот, а тоа го потврди и најновата анализа на УНИЦЕФ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани...

Училиштата се информирани за протоколите за заштита од Ковид 19, а наставниците постапуваат согласно новата Концепција за основно образование и новите наставни планови и програми за прво и четврто одделение.

Царовска: Над 80 милиони денари инвестиции во училиштата во Ѓорче, квалитетот на наставата се унапредува

Од посетите кои ги направив во изминатите денови во поголем број училишта низ државата,...

Следниот рок за аплицирање за оваа субвенција е од 1 до 31 октомври 2021 година, за студентите од новата академска година и оние кои не го запишале летниот семестар.

Во вторник истекува рокот за пријавување за 2.400 денари субвенциониран студентски оброк

На 31 август, вторник, истекува рокот за аплицирање за субвенциониран студентски оброк...