Македонија
Образование
Во денешното гостување во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма, министерката за образование и наука Мила Царовска говореше што би можело да се очекува со отворање на училиштата и враќањето на родителите на работа. Имено таа истакна дека очекува епидемиолошката слика да се измени. Царовска посочи доколку на есен се зголеми бројот на новозаболени од Ковид-19 постои можност да се сменат дел од одлуките.
Таа исто така посочи дека моментално Владата будно ја следи состојбата со коронавирусот.
-На секои две недели се преиспитуваат и се носат одлуки. Нашата држава покажа дека знае да се справи со ситуацијата. И верувам на Комисијата за заразни болести. Нашиот здравствен систем не беше оптоварен. Тоа ми дава за право да верувам дека Комисијата носи добри одлуки, вели Царовска.
Министерката рече дека Македонија е една од ретките земји кои се решија за постепено отворање на предучилишните и училишните установи и примената на комбиниран модел- физичко присуство и онлајн настава и со тоа е намален бројот на заболени. Посочи дека многу од земјите во кои биле отворени училиштата за сите деца, биле брзо затворени поради влошување на епидемиолошката слика.
Министерката верува во креативноста и ентузијазмот на учениците да се создаде нешто ново.
Затоа ги повикувам сите ученици од основните и средните училишта да осмислат лого, насловна фотографија и име на Единствената национална платформа за онлајн учење. Пријавувањето на Јавниот повик “Од учениците за учениците” е до 22 септември. Ги очекуваме вашите иновативни и креативни идеи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Образование
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.