За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање.

Објавил: Владо Марин | 21 јули, 2021 15:40

Царовска: Студентските стипендии се зголемуваат на 6.050 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Студентите од новата академска година ќе добиваат речиси двојно повисоки стипендии со цел да го стимулираме и вреднуваме нивниот труд, знаења и успеси, но и да го подобриме стандардот на младите. Владата ги усвои овие промени со кои освен зголемување, се проширува и опфатот на студенти со стипендии, но и се воведуваат нови и се враќаат стипендии кои биле укинати во минатото.

За оваа намена годишниот буџет е зголемен за 35%. Ова го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по средбата со претставници на студентските и средношколските организации и сојузи кои беа активно вклучени во креирањето на новите политики за стипендирање. 

Во делот на поддршката на студентите, ќе доделуваме стипендии во 11 различни категории. За 9 категории износите ги изедначуваме и ќе бидат 6.050 денари на месечно ниво, што значи пораст во однос на тоа што досега се доделуваше како износ од 3.300, 4.000, 4.400 денари“, рече Царовска.

Изедначувањето се однесува на вкупно 2.840 стипендии кои ќе се доделат со стартот на новата академска година. Стипендиите за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

Овде стимулацијата е најпотребна, бидејќи се соочуваме со преголем дефицит на овој тип на кадар, рече Царовска.

Студентските здруженија ја поздравија одлуката за зголемување и проширување на категориите на стипендии кое беше долго очекувано нивно барање и најавија продолжување на успешната соработка со МОН“, рече Царовска.

Претставниците на студентските организации истакнаа дека се задоволни од одлуката за раст на стипендиите и дека ќе ја продолжат конструктивната и партнерска комуникација со МОН со цел да се креираат политики и мерки кои се во интерес на младите.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси и заинтересираните навремено ќе бидат информирани за сите услови, критериуми и рокови за остварување на ова право.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

– Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

– Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември

Министерството за образование и наука (МОН) во последните два месеца инвестираше 181...

Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.

Во тек е пријавувањето на бруцоши за сместување во државни студентски домови за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука ги потсетува студентите од прва година запишани...