Најмногу од тендерите отишле кај три фирми

Објавил: Калина Мартинска | 13 март, 2025 12:01

ЦГК: За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денес, 13 март 2025 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата. Истражувањето открива дека:  

  • Само за две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.
  • Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.
  • Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра.
  • Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.
  • Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.
  • Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Македонија.
  • На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.
  • Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години.  

Целото истражување и базата на податоци се објавени на следниот линк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.