Тие се четири момчиња и четири девојки од 18 до 19 години, а се претпоставува дека се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јануари, 2021 12:46

ЦЕЛИОТ РЕГИОН ПЛАЧЕ ЗА 8-ТЕ ТИНЕЈЏЕРИ КОИ СЕ ЗАГУШИЈА ОД ПЛИН – Ден на жалост во БИХ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска е ден на жалост во Босна и Херцеговина поради смртта на младите деца, кои настрадаа на новогодишната ноќ, одлучи општинскиот совет!

Иван М. (19), Стипе Р. (19), Мирела Р. (19), Жана П. (19), Миа С. (19) и Стипе П. (19). ), Марија П. (19) се починатите деца кои страдаа за новогодишната ноќ! 

Тие се четири момчиња и четири девојки од 18 до 19 години, а се претпоставува дека се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија.

Резултатите од обдукцијата се уште се чекаат, а жителите за Посушје палат свеќи за трагично загинатите деца.

Во викендичката во босанско Посушје, имало уште едно момче, кое по игра на случајот ја избегна трагедијата што ги снајде неговите другари.

Како што дознава „Слободна Далмација“ од локалното население момчето на иста возраст како и другите, ја напуштило новогодишната прослава неколку часа по полноќ, бидејќи рано наутро морало да оди на работа во скијачкиот центар Блидиње.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов присуствува на погребната церемонија на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ.

Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ

Градоначалникот Петре Шилегов му оддаде почит на загрепскиот градоначалник Милан...