-Бараме поголема едукација, одредување загарантирана цена за килограм грозје и стручни служби да одредуваат технолошка зрелост на родот и неопходна шеќерност при откуп, како и полесен пристап до европските фондови. Наместо најавените два денара по килограм продадено грозје во винарија, бараме субвенција од по три денари, изјавуваат лозарите.

Објавил: Весна Петровска | 13 септември, 2019 13:42

Целиот регион под блокади: Лозарите го бараат достоинството назад – мора да се исполнат ветувањата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Лозароовоштари од Тиквешко вчера го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман, незадоволни од цените за килограм грозје и праски.

– Работата на земјоделецот е неисплатлива бидејќи никој не ги зема во предвид деновите поминати на работа во нива, при формирање на цени на земјоделски производи. Земјоделецот работи и заработува колку да го прехрани семејството. Но и тоа веќе не е можно, бидејќи повеќе се троши на производство, отколку што се заработува од продажбата на земјоделските производи, изјави Трајче Душковски од росоманско Трстеник, производител на грозје и праски.

И во понеделникот имаше протест во Неготино на градскиот плоштад.

Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино.

Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари.

-Бараме поголема едукација, одредување загарантирана цена за килограм грозје и стручни служби да одредуваат технолошка зрелост на родот и неопходна шеќерност при откуп, како и полесен пристап до европските фондови. Наместо најавените два денара по килограм продадено грозје во винарија, бараме субвенција од по три денари, изјавуваат лозарите.

-Ние како земјоделци сме poбoви во сопствената држава, нашиот труд и мака никој не го цени, а уште помалку соодветно да ги вреднува, затоа младите ни бeгaат и затоа производството се повеќе ни се намалува, со вакви откупни цени на праските, кајсиите, а сега и на грозјето тоа е еднакво на kaтacтрофа, се пожaлија вчера тиквешките лозари и овоштари кои во екот на бербата на грозјето немајќи друг избор излегоа на пpeдупредувачки пpoтест блoкирајќи го еден час патниот правец Кавадарци- Скопје.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Согласно планот со управување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион се намали интензитет на градба на станбени згради во Охрид.

Раст на цените на становите, од 1500 до 2000 евра квадрат на охридската ривиера

Цените во Охрид за новите станови се движат од 1200 до 1500 евра по мкв во централно градско...

-Гарантирам дека во јануари цената нема да се покачи на ниво на кое одредени медиуми или, пак, поединци сакаат да го покажат за да креираат страв кај народот. Ние како што докажавме на 1 јули и на 1 јануари ќе докажеме дека цената ќе биде се уште најниска во целиот регион и ќе обезбедиме доволно електрична енергија за да продолжи да тече нормалниот живот онака како што треба, изјави Битиќи по отворањето на „Иновацискиот и бизнис форум Пеперутка".

Од 1 јануари за сметка за струја планирајте од 300 до 500 денари плус секој месец

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи гарантира дека цената на електричната...