Оштина Карбинци стои на листата општини во кои од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосен карантин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 јуни, 2020 10:29

Целосен карантин и за општина Карбинци!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото независен весник

Од денеска од 21 часот започнува карантинот за општините каде што има најголем број заболени. На оваа листа вчера Владата одлучи да бидат ставени Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, а денеска е додадена и општина Карибанци.

Овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство. Вирусот не е шега. Одговорноста е на секој поединец. Не треба да дозволиме дури откако ќе се разболиме да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние не можеме да направиме ништо без граѓаните. И ова не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност и само заедно може да ја надминеме кризата, никако поинаку, рече на вчерашната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Оштина Карбинци денеска е додадена на листата општини во кои од денеска од 21 часот до понеделник 5 часот наутро ќе има целосен карантин.

Во сите останати општини, во петок, сабота, недела забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

Во периодот од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен во случај на погреби.

Министерот Венко Филипче вчера истакна дека ваквата одлука е донесена поради тоа што во овие општини каде е воведен целосен карантин не се почитувале мерките за заштита. 

Инаку најголем број на заболени има во Скопје и Тетово. Скопје е прв на листата по заразени со 392 заболени, а само во општина Чаир, има околу сто заболени лица од коронавирус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...