Целосна и безусловна поддршка за Русија во нејзината „света војна“, му ветил Џонг-Ун на Путин

Објавил: Македонка Димкин | 13 септември, 2023 11:28

Целосна и безусловна поддршка за Русија во нејзината „света војна“, му ветил Џонг-Ун на Путин

Фото/Текст извор: ©Фокус

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун му кажал денеска на рускиот претседател Владимир Путин дека неговата земја и дава „целосна и безусловна поддршка на Русија во нејзината `света борба` во одбрана на нејзините безбедносни интереси и дека Пјонгјанг секогаш ќе стои покрај Москва на `антиимперијалистичкиот` фронт“.

Разговорите меѓу Путин и Ким почнаа денеска во космодромот Восточни, објави претходно руската новинска агенција Тасс.

Разговорите, во кои беа вклучени делегации од двете земји, започнаа веднаш откако Путин и Ким обиколија неколку објекти на космодромот.

Ким рече дека односите со Русија се „прв приоритет“ за Северна Кореја.

Во своето воведно обраќање на денешниот состанок со Ким на Далечниот Исток на Русија, Путин му посака добредојде на севернокорејскиот лидер и рече дека со нетрпение чека да го види.

Путин изјави дека на дневен ред на разговорите ќе бидат економската соработка, хуманитарните прашања и „ситуацијата во регионот“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.