За поставување на црвениот тепих, долг повеќе од 1.500 метри квадратни, биле потребни 900 часа работа и тим од 18 лица. Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран во хуманитарна организација.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 февруари, 2020 19:08

ЦЕЛО БОГАТСТВО: Само црвениот килим чинел колку една гарсоњера- Еве колку чинеше доделувањето на Оскарите!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Заврши и 92-рото доделување на Оскарите, но се уште се собираат импресиите од филмската ноќ. Имавме можност да видиме многу гламур на едно место, тоалети и смокинзи кои чинат цело богатство а богами и целата организација чинела многу скапо. Доделувањето на престижниот Оскар во театарот „Долби“ во Лос Анџелес чинеше вкупно 44 милиони долари, од кои 24.700 долари се потрошени на црвениот тепих.

Првото доделување е одржано на 16 мај 1929 година, во Хотел Рузвелт во Холивуд за оддавање чест на извонредните филмски достигнувања од 1927 и 1928. Глумецот Даглас Фербенкс и режисерот Вилијам С. де Мил биле водители на церемонијата.

За поставување на црвениот тепих, долг повеќе од 1.500 метри квадратни, биле потребни 900 часа работа и тим од 18 лица. Дел од тепихот ќе биде рециклиран, а дел ќе биде дониран во хуманитарна организација.

Во големата сала на театарот „Долби“, биле поставени околу шест километри електрични кабли и околу два километри драпери за потребите за приемот на гала вечерта по доделувањето на Оскарите. За поставување на драперија биле користени околу 32.000 главни делови.

Наградите на академијата широко познати како Оскари (англиски: The Academy Awards или Oscars), се годишно доделувани филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи глумци, режисери и сценаристи. Свечената церемонија на која се доделуваат наградите е една од најважните филмски церемонии во светот и истата се емитува во живо во повеќе од 200 држави. Важи и за најстара медиумска церемонија; нејзините еквиваленти, наградите Греми (за музика), Еми (за телевизија) и Тони (за театар) се изработени по образец на Академијата.

Академијата за филмски уметности и науки е основана од Луис Б. Мајер, шефот на филмското студио Metro-Goldwyn-Mayer, но всушност, актерот Даглас Фербенкс е заслужен за отпочнување на наградната церемонија. Наградите се доделуваат во повеќе категории, но постепено, одредени категории се отстранети, а постојат и специјални награди кои се доделуваат периодично. Самата статуетка наречена е Оскар, а позната е и како Награда на акадамијата за заслужност, иако потеклото на името сè уште не е утврдено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Воедно тој е и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а моментално е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

Коронавирусот пристигна и во „Ѕвездите на Гранд“-Член на жирито заразен откако бил во Македонија!

Српскиот рокер Давид Ѓорѓе пред неколку дена преку социјалните мрежи потврди дека...

Веќе неколку пати се зборуваше за укинување на летното и зимско сметање на времето. Уште минатата година во рамките на ЕУ се зборуваше за укинување на оваа пракса најдоцна до оваа година.

ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО- Ќе биде ли ова последно менување?

Во недела, односно овој викенд започнува летното сметање на времето. На 29 март во 2 часот...

Поточно, на фотографијата е прикажан лав како шета низ улиците на Москва, а напишано е дека ова е една од мерките преземени од Русија за борба против коронавирусите.

ВАКА ПУТИН ЈА БРАНИ РУСИЈА ОД КОРОНА: Лав се шета низ улиците во Москва- фотографијата ја виде цел свет!

Сајтот за социјални медиуми Твитер шири фотографија на која се тврди дека се од улиците...