Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(32), Ф.С.(58) и С.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Објавил: Валерија Петрова | 29 јуни, 2019 12:26

ЦЕЛО БОГАТСТВО СТЕКНАЛЕ СО ЛАЖНИ КАРТИЧКИ – македонската полиција ги уапси криминалците

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонската полиција успеа да им влезе во трага на тројца кумановци кои успеале да се збогатат на нелегален начин со фалсификување на платежни картички.

 Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против С.С.(32), Ф.С.(58) и С.С.(33) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Пријавените во декември 2016 година набавиле банкарски податоци од вистински платежни картички и подтоци за носители на тие платежни картички, при што така изготвените лажни платежни картички ги употребиле како вистински на продажни места во правни субјекти каде тие биле управители.

Пријавениот С.С.(32) во правниот субјект каде е управител изготвил фактури во кои ја наведувал трговската стока и нивната цена, како и име и презиме на купувачот без дополнителни идентификациони податоци. На овој начин тој извршил 64 трансакции од кои девет успешни со вкупен износ од 894.200 денари.

Исто така, пријавените Ф.С.(58) и С.С.(33) во истиот период лажните платежни картички ги употребиле во правниот субјект каде Ф.С. е управител. На истиот начин тие извршиле 11 успешни нелегални трансакции во вкупен износ од 913.400 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.

СТРАШНО: Напаѓачот кој прободе дете со нож во Бутел има само 12 години

Откриени се нови детали за прободувањето на малолетното момче во скопската населба...

Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот што попладнево избувна во стан во населбата Карпош. Интервенцијата на 15 пожарникари кои на терен беа со 5 возила, траеше околу половина час. Во пожарот повредени лица нема, а причинета е материјална

Пет пожарни интервенира на Рузвелтова: Изгоре стан во Скопје

Гореше стан на улицата Рузвелтова во Скопје. Пожарникарите  целосно го изгаснаа пожарот...

Непозанти млади лица синоќа во Бутел со нож нападнале две малолетни деца, при што на едното дете на возраст од 13 години му е забоден нож во грбот, а на другото дете на слична возраст му е скината јакна од ножот во обид да биде прободено, соопшти денес МВР.

ЗА МАЛКУ ФАТАЛНА ПРОШЕТКАТА НИЗ МААЛО: МВР се огласи за ранувањето на малолетникот во Бутел

Министерството за внатрешни работи денеска се огласи за вчерашниот инцидент во скопски...

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случил вистински хорор, 28-годишна скопјанка пријавила во полиција дека зетот сакал да ја силува.

МОНСТРУМ ВО СКОПЈЕ: Зетот сакал да ја силува… Милионска кражба во Пошта – МВР со полни раце работа!

Македонската полиција со полни раце работа, билтенот на МВР секојдневни е полн со инциденти,...