Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, а меѓу административците имаше директори, министри, градоначалници, судии, обвинители.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 22:29

Цел ден си ја подаваа метлата ама слободен ден добија- еве како чистеше администрацијата денес

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска скоро 40.000 административци поддржани од премиерот Зоран Заев чистеа низ целата земја.

Акцијата ја организираше Владата заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, а меѓу административците имаше директори, министри, градоначалници, судии, обвинители.

Присуствуваа и Вилма Русковска, шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Таа со ќеса и ракавици,  заедно со неколку вработени, се појави пред гаражата “26 јули” за да се приклучи на акцијата за чистење на градот.

Обвинителката Вилма Русковска со список во рака проверуваше кој од колегите дошол.

Заедно со Русковска во акцијата се приклучи и претседателот на Основниот суд 1 Иван Џолев. Тој наместо да го следи примерот на својата колешка да ги фати ракавиците и да се фати за чистење, тој набљудуваше. 

Институциите се должни да санкционираат расфрлан смет целосно потфрлија исто како институциите кои се задолжени да го чистат истиот овој смет.

За оваа денешна акција, административците од Владата добија слободен ден, односно 2ри јануари.

По завршување на акцијата граѓаните на социјалните мрежи започнаа со поставување прашања, а едно од нив беше колку го плаќаме неработењето и неспособноста на Зоран Заев?. Имаше и коментари од типот дека многу пефтино  и профитабилно би било кога комуналните претпријатија би ангажирале лица кои не се вработени.

И уште една од редовите на дамите кои беа присутни на денешната акција беше и министерката за правда Рената Десковска која на претседателот на Судскиот совет Киро Здравев му подари метла за чистење. Така тие си ја подаваа метлата, па на крајот Киро метлата му ја предаде на претседателот на Основниот суд Скопје 1 Џолев.

Кон денешната акција  „Не биди ѓубре“ се приклучи администрацијата на државно и локално ниво  во Битола се чистеше и во СВР Битола.

 

Административците во битолската полиција го чистеа дворот околу зградата каде што се наоѓа СВР Битола, наместо тоа да го прави комуналното претпријатие кое е задолжено за оваа работа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Уште две лица починаа од Коронавирус во земјава- бројот на заболени е 617!

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово...

Бугарскиот премиер Бојко Борисов истакнал дека во моментов во светот нема лек за коронавирусот, но посочува дека нема ниту заболен кој што не е лекуван,пренесува БГНЕС, .

Борисов: Ќе испратам стотина заштитни скафандери во Македонија- браќата се гледаат кога е тешко!

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска најави дека Бугарија ќе и помогне на нашата...

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

Од денеска полицискиот час од 16 до 05 часот!

Забраната за движење на населението на територија на целата држава, од денеска почнува...

Докторката од кожно беше меѓу првите заболени од коронавирусот, потврдено е дека зарази 6-мина колеги, а околу 200 беа во карантин. Истражителите собирале докази и од местото каде бил одржан семинарот на кој говорела докторката, се прави мрежа од сите лица со кои таа стапила во контакт.

Директорката на Кожна клиника Цаца- Билјановска и момчето од Карпош ќе одговараат за ширење на коронавирусот!

Истрагите за поранешната директорка на Клиниката за кожни болести и момчето од скопската...